Необични советски згради-симболи (ФОТО)

Некогаш се градеа згради во вид на срп и чекан, буквите СССР, петокраки, клавири и летечки чинии!

Зградата на фабриката-кујна во Самара од воздух изгледа како срп и чекан, симболот на СССР.

Во Улан-Уде, главниот град на Бурјатија, се наоѓа станбениот комплекс популарно наречен „Пентагон“. Изграден е во форма на три букви „С“. Беше планирано да се подигне уште една зграда, така што нивните заеднички контури да ја формираат кратенката СССР, но поради распадот на земјата, проектот никогаш не се реализира.

Во Таганрог има станбена зграда во форма на буквата „С“ или скршен прстен. Според една од градските легенди, во триесеттите години на минатиот век било планирано да се изградат уште три згради кои заедно ќе ја сочинуваа кратенката СССР.

На почетокот на 1930-тите во градот Иваново се појави станбена зграда-потковица во стилот на конструктивизмот.

А во Москва има две совршено тркалезни згради. Пред Олимпијадата во 1980 година беше планирано да се изградат пет исти такви, за да од воздух нивните контури се преклопуваат во олимписките прстени.

Во Москва се наоѓа Академскиот театар на руската војска, изграден во вид на ѕвезда-петокрака.

Институтот за роботика и техничка кибернетика во Санкт Петербург со својот облик потсетува на лале.

Зградата на Музичкиот театар во Омск личи на клавир и истовремено на брод со едро, во зависност од која страна ја гледате.

Балконите на овој хотел во Домбај како да се склопуваат во пчелино саќе.

А друг хотел во Домбај изгледа како „летечка чинија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња