„Четирикатна шупа “ и „куќа-чудовиште“ - така жителите на Нефтекамск во Република Башкирија ги нарекуваат градбите на самоукиот архитект.
Жител на Нефтекамск на својот плац изгради куќа од она што го имал на располагање. А имал само стари прозорци, врати, даски, фурнир, табла со натпис „Грация“ (грациозност) и уште секаков друг крш.
Како што соопштува локалниот ТВ-канал „Смотрим“, соседите се плашат бидејќи се чини дека секој момент конструкцијата ќе се урне директно врз нивните плацеви. Згора на тоа, единствениот пат до нив води преку „куќата од прозорци“. Секогаш кога поминуваат оттаму, тие срамежливо се обѕрнуваат и гледаат нагоре.
Авторот, пак, смета дека конструкцијата е сигурна и им одговара на соседите дека на својот приватен плац може да прави што сака. И додека соседите пишуваат барања до градските власти за проверка на усогласеноста на зградата со стандардите за градба, сопственикот веќе изградил стаклена градина внатре.
Грациозно, нема што...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче