Домот на филантропското друштво („Шиповска тврдина“) од страната на Шиповскиот премин, 1910-тите.
Госкаталог.рфОваа зграда се наоѓаше на плоштадот Лубјанка во центарот на Москва. Му припаѓаше на Сергеј Шипов, член на Владејачкиот сенат. Тој дозволи во зградата да живее секој што сака и тоа бесплатно и не водеше никаква евиденција за станарите. Така зградата стана рај за секакви криминалци. Потоа во 1880-тите беше претворена во добротворен дом на Императорското филантропско друштво. Конечно беше урната во 1966 година.
Првично оваа зграда беше во сопственост на Троице-Сергиевата лавра. Издавана е за ресторани, продавници, магацини и деловен простор. Денешниот изглед го добила во 1879 година и оттогаш се користи за домување. До 1905 година тоа беше највисоката станбена зграда во Москва.
Зградата со станови за изнајмување на Троицкиот храм.
Бутко Елена (CC BY-SA 4.0)Кон крајот на XIX век вредеше да се инвестира во изградба на згради со станови за изнајмување во Москва. Многу згради се создадени на тој начин. Оваа зграда припаѓаше на блискиот Троицки храм. Становите во неа се издаваа под кирија. Изградена е во 1908 година и украсена со уникатни барелјефи од Сергеј Вашков со руски мотиви.
Зградата со станови за изнајмување на Зинаида Перцова.
A.Savin, WikiCommonsОваа зграда е изградена во 1907 година во Москва по нарачка на инженерот на железнички пруги Петар Перцов. Зградата ја регистрирал на име на својата сопруга Зинаида. Перцов бил голем поклоник на руската уметност, па планирал за скромна кирија да им ги изнајмува становите на сликари, писатели и други творци. Архитектот Сергеј Маљутин намерно ги проектирал прозорците со различни големини и асиметрични фасади. Зградата беше популарно место за состаноци во уметничките кругови на Москва.
Басиновата зграда со станови за изнајмување.
Денисенко Михаил (CC BY-SA 4.0)Оваа станбена зграда во Санкт Петербург е изградена 1878-1879 година и претставува пример за архитектура на рускиот ревивализам.
Зградата на Солодовников
Public DomainОваа зграда со станови за издавање е изградена 1907-1909 година по нарачка на рускиот бизнисмен и покровител на уметноста Гаврил Солодовников. Била наменет за луѓе со ниски примања. Затоа неделната кирија изнесувала 1,25 рубли, додека дневницата на обичен работник тогаш била околу 1,5 рубли.
Разгледница „Москва. Усачовка. Згради за работници“
Давид Шуљкин / Public DomainИзграден во конструктивистички стил во втората половина на 1920-тите, овој комплекс во Москва има двособни и трособни станови за претставниците на работничката класа. Ја одразува акутната потреба од евтин и компактен урбан станбен простор што се чувствуваше во руските градови во третата деценија на ХХ век, во времето на брзата урбанизација и индустријализација на земјата.
Зградата на Наркомфин (пред реставрацијата) // (по реставрацијата)
Legion Media // Владимир Гердо / /TASSЗградата на Наркомфин (Народен комесаријат за финансии) во Новинскиот булевар бр. 25 во Москва е познат пример за конструктивистичка архитектура и авангарден дизајн. Изградена е во 1928-1930 година за високо рангираните вработени во Народниот комесаријат за финансии. Има 54 „единици“ во вид на коцка кои се користат како станови. Реставрацијата на објектот заврши во 2020 година.
Зградата на кејот
Ludvig14 (CC BY-SA 4.0)Овој станбен комплекс со 505 станови и 25 влеза има 8 згради со различна висина и од 9 до 11 ката. Изграден е во 1931 година за високите државни функционери и елитата на Комунистичката партија, бидејќи требало да живеат што е можно поблиску до Кремљ. Зградите се изградени во согласност со идејата на епохата на конструктивизмот, така што на едно место да бидат сите неопходни услуги и апарати за домаќинството. Комплексот располага со перална, медицински центар, пошта, јасли и градинка, библиотека, сала за фитнес, тениски терени, стоковна куќа итн. Во кругот на комплексот имаше и менза, клуб и кино. За време на Сталиновите репресии многу функционери од овие станови беа уапсени и испратени во Гулаг. Денес сé уште е елитен комплекс чии станови спаѓаат меѓу најскапите во градот.
Зградата на Котељнички кеј
Alet123 (CC BY-SA 4.0)Ова е една од „Седумте сестри“. Зградата е проектирана од Дмитриј Чечулин. Изградбата е завршена во 1952 година. Првично тоа беше станбена зграда со 540 станови, централизирана климатизација, систем за централно вшмукување и други удобности. Овој сталинистички облакодер беше дом на офицери на државната безбедност, елитата на Комунистичката партија и многу советски естрадни изведувачи и филмски ѕвезди.
Станбена зграда од серијата „I-515-5М“, 1962 г.
Public DomainЗгради од овој тип беа градени кон крајот на 1950-тите. Во нив живееше поголем дел од урбаното население на Русија. Имаа четири ката со еднособни, двособни и трособни станови и таван висок само 2,48 m. Во нив немаше лифтови.
Фрагмент од фасада на зградите од серијата „II-57“.
Ikupman (CC BY-SA 4.0)Зградите од серијата „II-57“ беа градени во текот на 1960-тите, особено во Московската област. Постоеја верзии од 8 и 11 ката, а таваните во становите беа високи 2,64 м.
Зграда од серијата „II-68“.
krassotkin (CC BY-SA 3.0)Ова е еден од најчестите типови на станбени згради во Русија. Градени се од 1970 до 2000 година. Обично имаат 15 ката и се направени со употреба на бетонски панели од експандирана глина.
„Домот на авијатичарите“, улица „Беговаја“.
Sergey Norin (CC BY 2.0)Оваа зграда во улицата „Беговаја“ бр. 34 го доби називот „Зграда со ногарки“. Има 13 ката и 299 апартмани. Архитектите биле инспирирани од проектите на Ле Корбизје. Градбата е специфична по тоа што наместо приземје има 40 армирано-бетонски столбови кои како „ногарки“ го издигнуваат првиот кат на нивото на третиот кат. Ова е направено за да не се собираат во становите издувните гасови од интензивниот сообраќај на улицата „Беговаја“. Зградата е изградена во 1978 година според проектот на архитектот Андреј Меерсон како хотел за претстојните Олимписки игри 1980 година, а на крај во становите се вселија работниците од фабриката за авиони, така што зградата го доби називот „Дом на авијатичарите“.
„Аеробус“
aerobus-dom.ruОваа станбена зграда е изградена во 2008 година на северот на Москва. Има 31 кат и е пример за модерен „град во мало“ каде има сé, од градинка до спа-центар, локална перална и неколку ресторани.
Зградата во Мосфилмовската улица.
Gennady Grachev (CC BY 2.0)Кулата на „Мосфилм“ е изградена во 2011 година. Станува збор за станбен комплекс кој всушност се состои од две кули. Едната е висока 213 метри (53 ката), а другата е 131 метар (33 ката). Комплексот има вкупно 565 станови и е впечатлив пример за станбена архитектура во хај-тек стил.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче