Три идеи како жителите на Русија можат да заштедат на патување низ земјата

Николай Хижняк/TASS
Можете да заштедите пари ако користете специјални картички за лојалност или се приклучите на младинска експедиција. Дознајте повеќе во нашиот текст.

1. Купете картички за лојалност за туристи

„Тријадата на разумни заштеди изгледа вака“, објаснува Наталија Бељакова, директорка на Одделението за експедиции и развој на туризмот развој на Руското географско друштво. „Како прво, резервирајте ги вашите места однапред и без посредници. Колку сте поблиску до давателот на услугата, толку подобро за вас. Второ, не ги занемарувајте картичките за лојалност за туристи, кои ги има секој втор регион. Трето - ако патувате сами, однапред планирајте каде ќе одите“.

И додека сé е разбирливо кога се работи за резервирање место однапред, смислата на туристичките картички на одделни региони бара дополнително објаснување. „При посета на локални кафулиња, приватни музеи и други објекти тоа може да ви се исплати исто колку и трошењето милји врз основа на програмата на авиокомпаниите. А најдобро е да се комбинираат „милјите“ на транспортните компании (како на авиокомпаниите, така и на железничките, па дури и на автобуските) со бонуси што ги даваат регионите.

Сопствени туристички картички нудат Москва и Санкт Петербург. Тие ви овозможуваат да заштедите при посета на клучните знаменитости.

Така, на пример, московската туристичка картичка опфаќа посета на Московскиот аквариум, жичарницата, екскурзија во двокатен автобус, разни музеи.

Со петербуршката картичка можете да ја посетите Петропавловската тврдина, да се повозите со брод по Нева, да ги видите ремек-делата на Рускиот музеј и многу други нешта.

Во Калининград, „гостинската картичка“ ви овозможува едноставно да добиете попуст кога изнајмувате автомобил, плаќате за сместување и забавни содржини.

2. Користете сервиси за патувања

Леонид Пустов, раководител на комисијата за старт-ап компании на Рускиот сојуз за туристичка индустрија и основач на здружението Travel Startups, им препорачува на туристите да не ги користат само добро познатите методи како што се резервирање однапред и одмор надвор од сезоната, туку и сервисите за патувања. Еве ги неговите препораки:

  • Бесплатни аудио-водичи со сервисот tmatic.travel, каде можете да најдете 25 илјади (!) аудио-водичи по улиците и музеите од цел свет. Исто така, во сервисот постојат аудио-водичи за патувања со автомобил и воз, за обиколки со велосипед и дури и за трчање.
  • Посета на локални манифестации. Кога сакате да посетите друг град за викенд, можете да ги посетите не само познатите знаменитости, туку и да ги погледнете локалните креативни центри, грнчарски работилници, театри и да го запознаете градот низ очите на неговите жители, и тоа многу поволно. За ова, можете да го користете сервисот Фантам.
  • Во мобилната апликација за туристи „Тургенев“ можете да најдете водичи, организатори на лов, да планирате риболов или активен туризам. Додека овој млад стартап проект собира корисници, тој богато дели попусти и им враќа на туристите 5% на сметката за бонуси во рамките на програмата за лојалност. Тоа треба да се искористи!
  • Кога самостојно планирате разновидна програма за патување, испланирајте ја рутата по која ќе одите, однапред резервирајте билети за концерт, музеј, резервирајте место во ресторан, најдете екскурзија што ви се допаѓа. Сето ова можете да го направите користејќи го онлајн сервисот MAYAK.TRAVEL
  • Бирајте локални хотели, кафулиња и ресторани наместо угостителски синџири. Често не заостануваат во однос на нивото на услугата. Можете да ги најдете преку онлајн сервисот hebitravel.org.
  • Патувајте во работни денови. Цената на сместувањето во хотели и глемпинг центри во работните денови обично е значително пониска отколку за викенд и празници. Покрај тоа, патувањето во поголема група ќе ви овозможи да заштедите. Користејќи го сервисот Naturalist.travel  можете евтино да резервирате еколошки хотел или глемпинг.

Идеи за самостојно патување можете исто така да побарате и од експерти на тоа поле. На пример, погледнете го проектот „Патување со РГО“, каде што можете да изберете готов аранжман или да погледнете интересна рута составена од искусни патници.

Претседателот на Комитетот за туризам Евгениј Козлов ги потсетува оние кои планираат да го поминат својот одмор во Москва на онлајн платформата Russpass. Таму можете да најдете и бесплатни водичи (вклучувајќи и аудио-водичи) и идеи за шетање низ Москва. Покрај тоа, тука се необичните музеи и интерактивната понуда за која дури и жителите на градот не слушнале.

3. Приклучете се на младински експедиции

Младите имаат можност да патуваат и притоа да учествуваат во волонтерски програми. Руското географско друштво нуди голем број такви програми во различни делови на земјата, првенствено за учесници на возраст од 18 до 35 години. Некои програми подразбираат истражување на планинските населби на Кавказ, други набљудување на птици, трети занимавање со еколошки набљудувања на Арктикот.

Додека победниците на руските конкурси за младо можат да добијат бесплатно патување. Само треба да се пријават за проектот „Повеќе за патување“. На оние кои ќе бидат избрани им се нудат тематски тури, од научни до спортски.

„Ние ги поддржуваме победниците на проектите и им го плаќаме патувањето во целост“, објаснува Станислав Киреев, заменик-генерален директор на организацијата „Повеќе од патување“. „Порано ги испраќавме младите во големите градови, но сега во нашата активност ги вклучивме и градовите од внатрешноста“. Годинава тие стартуваа и заеднички проект со социјалната мрежа „ВКонтакте“ наречен „Места“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња