Паратунка, Камчатка
Legion MediaОдморот „на вода“ пред неколку века бил достапен само за високото општество, а во советско време низ целата земја беа изградени санаториуми за обичниот свет, работниците и селаните. Најстарите бањи сè уште се наоѓаат во поранешните дворци и благородничките имоти (повеќе за тоа прочитајте овде). Современите термални извори се комплекси каде покрај здравствениот сегмент постојат и забавни програми, и цели паркови во планините или шумите.
Пјатигорск
Антон Подгајко/SputnikРуските класици сакале да го поминуваат летото овде, од Александар Пушкин до Лав Толстој. Кавкаските минерални води се најстариот бањски регион во земјата, во кој (покрај лекување и одмор) се флашира и минерална вода, која потоа може да се купи во продавниците низ целата земја.
Најпознати бањски одморалишта се Пјатигорск, Кисловодск, Железноводск, Есентуки и Лермонтов, а во секое од нив има десетици санаториуми и павилјони изградени на извори во кои водата може да се пие. Лековитите води се разликуваат по температурата и минералниот состав. Покрај тоа, во Пјатигорск има извори на радонска вода со мал процент на радијација од природно потекло.
Пјатигорск
Legion MediaДури и ако не планирате да се лекувате во бањите, имајте на ум дека КавМинВоды важат за интересен туристички регион во земјата. Тоа се стари градови со прекрасни имоти, раскошни паркови и феноменални планински погледи. Повеќе за споменатиот регион можете да прочитате овде.
Мацеста
Legion MediaГрадот Сочи е најпознатата бања во земјата уште од советско време. Најголемиот број туристи е привлечен од плажите на брегот на Црното Море, но во реонот на градот има и голема бања со минерални води во долината на реката Мацеста. Позната е по изворите на водород сулфид кои помагаат во лекување на женски болести и закрепнување од изгореници и операции.
Горјачи кључ
Игор Онучин/TASSОва место, оддалечено педесетина километри од Краснодар, е познато како бањско уште од шеесеттите години на деветнаесеттиот век. Прво биле изградени бањи и парк, а потоа околу бањата никнал градот Горјачи Кључ.
Горјачи кључ
Rost.galis (CC BY-SA 4.0)Локалните минерални води помагаат во лекувањето на болестите на органите за варење. Во павилјоните изградени на изворите, покрај за корисниците на санаториумот, водата е на располагање и на сите останати туристи.
Белокуриха
Legion MediaНајпознатиот бањски регион во Сибир! Во Белокуриха (Алтајски крај), како и во Пјатигорск, се наоѓаат природни извори на термални води со покачена содржина на радон. Иако локалните води се проучуваат уште од 1860-тите, бањата со санаториуми и инфраструктура е изградена дури во 1920-тите. Денес во регионот има дваесет санаториуми со различни програми за лекување, вклучувајќи и лекување со планински воздух.
Белокуриха
Legion MediaИнаку, Белокуриха е едно од најтоплите места во Сибир, со благи зими! Во јануари температурата се спушта на десет до дванаесет степени под нулата, а зимите речиси никогаш не се екстремно студени.
Тјумен
Legion MediaТермална престолнина на Русија, така со гордост се опишува сибирскиот град Тјумен. Градот е опкружен со дваесетина термални извори кои се појавиле на местото на топлото Западносибирско Море пред милиони години. Температурата на тјуменските термални извори варира помеѓу 26 и 48 степени Целзиусови и избива од бунар длабок 2500 метри. Во овие извори буквално се содржи целата табела на Менделеев!
Тјумен
Russia BeyondЗа одмор и подмладување во Тјумен класичниот санаториум не е единствениот избор. Има и СПА хотели и термални паркови. Овие места се исклучително популарни за семеен одмор.
Саки
Константин Михаљчевски/SputnikКрим не асоцира само на море, туку и на изобилство на лековита кал од „мртвите езера“ и геотермалните извори кои содржат азот и водород сулфид. Најпознат бањски центар е градот Саки, кој се наоѓа во близина на истоименото розово езеро со лековита солена вода. А во педесеттите години на минатиот век овде е откриена и минерална вода со азот.
Паратунка
Legion MediaНа Камчатка, полуостров оддалечен од руското копно, се концентрирани голем број активни вулкани, гејзири и термални води. Ги има толку многу што се користат за греење на зградите и производство на електрична енергија.
Паратунка
LukaE (CC BY-SA 4.0)Населбата Паратунка е најпознатото одморалиште на полуостровот, изградено во советско време и околу седумдесет километри оддалечено од Петропавловск-Камчатски, главниот град на регионот. И покрај фактот што зимите на Камчатка се сурови, со температури и до минус триесет, па дури и четириесет степени, водата во термалните извори останува врела. Во санаториумите се лекуваат болести на кожата и нервниот систем.
Лаго Наки
Виталиј Тимкив/SputnikРепублика Адигеја се наоѓа во опкружување на Кавкаските планини и има голем број термални извори. Повеќето санаториуми, СПА хотели и базени се наоѓаат околу импресивната висорамнина Лаго Наки. Во Адигеја има и многу „диви“ извори кои воопшто не се опремени, а настанале во времето кога геолозите дупчеле дупки во потрага по нафта.
Аушигер
Legion MediaРепублика Кабардино-Балкарија е уште една бањска дестинација на Кавказот. Лековитите води на бањата Аушигер се откриени во педесеттите години на минатиот век, кога се бараше нафта, како и во Адигеја. Температурата на водата во изворите е околу педесет Целзиусови степени во текот на годината. Содржи хлор, натриум и јаглеводороди.
Аршан
Legion MediaВо подножјето на планините Сајан во Бурјатија има прекрасни природни извори на минерална вода. Бањата Аршан е отворена во 1920 година и не подразбира само лекување со минерална вода и кал, туку и со планинска клима, како и со пејзажот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче