Ѕирнете во Баргузинскиот резерват на природата на езерото Бајкал (ФОТОГРАФИИ)

Баргузински резерват

Баргузински резерват

О. Галикаев/Баргузински резерват
Најстариот резерват на природата во Русија е основан со цел да се заштити редок вид самур. Таму овие животни се речиси припитомени.

1. Најстар резерват на природата во Русија

Заливот Сосновка на изгрејсонце, Баргузински резерват.

Баргузинскиот резерват на природата е првиот од таков вид во Русија. Основан е на 11 јануари 1917 година во Бурјатија. Се наоѓа на североисточниот брег на Бајкал. Од 1986 година е запишан на Светската листа на резервати на биосферата на УНЕСКО. Денес 11 јануари во цела Русија се одбележува како Ден на резерватите на природата и националните паркови.  

 

Баргузински резерват

Овој резерват е основан за заштита и обнова на популацијата на баргузинскиот самур, еден од најубавите (и со самото тоа најпопуларните меѓу ловците) претставници на семејството куни во Русија. Првично беше наречен „Резерват на баргузинскиот самур“.

Самур

Крзното со векови беше еден од најчестите производи за извоз во Руската империја, а крзното на баргузинскиот самур беше најценето бидејќи е неверојатно густо и цврсто. Специфичен е по тоа што има „бело“ меко влакно и не е голем (возрасна единка изгледа како мало маче).

Поради ова, на почетокот на ХХ век, овој предатор од тајгата практично исчезна, иако неговата популација некогаш била многу голема. Тогаш во шумите останаа помалку од 40 единки, а денес ги има 800-1200.

2. Самуров дом 

Давша, база на терен. Музеј на природата.

Во селото Давша на брегот на Бајкалското Езеро постои музеј наречен „Самуров дом“. „Овде луѓето му доаѓаат на самурот на гости, а не обратно“, пишува на огласните табли на музејот.

Популацијата на баргузинскиот самур заздрави во 1930-тите, но нивното ловење сè уште е забрането. Самурите, како и сите диви животни, обично ги избегнуваат луѓето. Меѓутоа, во Баргузинскиот резерват инспекторите често ги забележуваат во шумарските куќички. Животните им приоѓаат, земаат храна од нив, па дури им се качуваат и в раце. И најинтересно е што самурите во дивината ја делат територијата (најмногу 4 единки на 1 квадратен километар), но во шумските куќички понекогаш се собираат и во поголем број, без никакви конфликти.

Самур

„Од една страна, човекот не треба да се меша во природните процеси и токму затоа се основани резерватите, но самурите сами им приоѓаат на луѓето и тоа не е случајно. Се случува да има гладна година“, пишува фотографот на дива природа Артур Мурзаханов.

Заливот Сосновка.

Така, во 2012 година во околината на Давша во текот на зимата имало истовремено и по 7 самури и вработените во резерватот ги хранеле сите. А напролет сите самури си заминале - секој се вратил на својата територија.

3. Ретко се сретнуваат влекачи

Кафена мечка

Покрај самурот, во Баргузинскиот резерват има 40 животински видови, меѓу другите лос и исклучително реткиот сибирскиот мошусен елен, и секако, зајаци и мечки. Во водите на Бајкалот има многу омуљ, сибирска џиновска пастрмка и штука. Но, затоа нема да видите влекачи. Се среќаваат само два-три вида жаби и гуштери, иако не е исклучено научниците сè уште да не ја проучиле доволно добро „ихтиолошката“ страна на резерватот.

4. Езера, езера, езера...

Баргузински резерват

Резерватот Баргузин зафаќа околу 3 километри од крајбрежјето на Бајкалското Езеро, најдлабокото езеро во светот. Но, покрај него, опфаќа уште и 500 поголеми и помали езера.

Водопад на реката Шумилиха.

Најпопуларни за посета се планинските езера во долината на реката Шумилиха. Тоа е најјужната река во резерватот, долга само 12 километри, но во нејзиното корито има многу „скалила“ и ограноци кои формираат водопади и езера. Многу од нив се опкружени со големи карпи и осамени карпи и имаат необични камени скалила и форми.

5. Термални извори во тајгата

Реката Давша

Во студеното подножје на резерватот има многу термални извори. Температурата на водата во нив се движи од 40°C до 65°C. Најпознатиот термален извор (и најдобро опремен за пречек на туристи) се наоѓа на устието на реката Давша. Неговата вода има температура од 41-43°C и содржи флуор и силициумова киселина. Тука се изградени две парни бањи. И секако, како и во секој термален извор, не треба да се остане долго во вода.

Баргузински резерват

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња