Омажена жена го напушта имашниот маж поради својот сакан – сиромашен неуспешен писател. А, за да му помогне да напише и да објави роман, склопува договор со ѓаволот и станува вештица...
Кадар од филмот „Мајстор и Маргарита“
реж. Владимир Бортко, 2005/Госкино, РТР-ФильмОва е основната линија на сижето на едно од најважните дела на Михаил Булгаков, романот „Мајсторот и Маргарита“. (Кусата содржина на овој роман можете да ја прочитате тука). Како што сметаат истражувачите, неговата основа може да се најде во биографијата на авторот, и покрај магиските елементи.
Според познавачите на делото на Булгаков, неговата трета жена Елена Сергеевна, која поради него го напуштила својот сопруг, значаен воен службеник, веројатно била таен агент на НКВД (советската тајна полиција). Имено, таа, според нивното толкување, соработувала со советските истражни органи со цел Булгаков да не биде уапсен и за да има можност да продолжи да создава. Така што самиот роман за писателот бил оправдување за неговата жена, еден вид признание дека таа склопила „пакт со ѓаволот“ поради него и неговата безбедност.
Творештвото на Булгаков е до крајност специфично. Тоа е истовремено и фантастика, и сатира, но во секој случај квалитетна руска проза. Притоа сите негови дела во поголема или во помала мера се автобиографски.
Гимназијалецот Михаил Булгаков, 1908 година.
TASSБулгаков е роден во 1891 година во семејство на професор на духовна академија во Киев. Михаил не тргнал по стапките на татка си, но се запишал на Медицинскиот факултет на Киевскиот универзитет. Тоа не бил случаен избор. Неговиот вујко Николај Покровски бил познат лекар (и имашен човек). Во тоа време важел за угледен научник, а за Булгаков бил идол.
Токму тој подоцна ќе го прими својот внук во Москва, каде што Булгаков потоа долго ќе живее, и токму тој ќе стане прототип за ликот на професорот Преображенски, главниот јунак на романот „Кучешко срце“.
Кадар од филмот „Кучешко срце“
реж. Владимир Бортко, 1988/ЛенфильмЗа волја на вистината, Покровски бил гинеколог, а неговото алтер его Преображенски е хирург-експериментатор, кој на куче му пресадува човечка хипофиза и тестите, па тоа се претвора во човек.
За време на Првата светска војна Булгаков извесно време бил лекар во зоната на фронтот, а потоа бил испратен во мала селска болница во Смоленската област. Своето лекарско искуство и необичните случаи Булгаков ги опишува во циклусот раскази „Записи на младиот лекар“ (1925). Уште сосема неискусен, принуден е самиот да излезе на крај со големиот број тешки случаи: да го сврти бебето во утробата на мајката, да лекува оток на око кај дете, да вади заби... Понекогаш дури и морал да гледа во учебниците.
Кадар од филмот „Морфиум“
реж. Алексеј Балабанов, 2008/Кинокомпания CTB / СТВВо новелата „Морфиум“ (1926) се наведува дневникот на селскиот лекар кој случајно станува зависник од морфиум. Тој опишува како под дејство на наркотици халуцинира и како во таа болна состојба ги доживува револуционерните превирања во земјата. Со оглед на тоа дека не е во состојба да се ослободи од зависноста, одлучува да си го одземе животот.
И самиот Булгаков бил зависник од морфиум. Еднаш, додека работел како селски лекар, по операцијата што ја извел постоела можност да се зарази од дифтерија. Примил препарат против дифтерија, но добил изразито силна алергиска реакција, која решил да ја смири со помош на морфиум. И така, малку по малку, станал зависен од овие инјекции. Во 1918 година се вратил во Киев, зафатен од Граѓанската војна, и продолжил и таму да го прима наркотикот. Неговата прва сопруга Татјана Лапа му помагала да ја совлада зависноста.
Во Киев Булгаков отворил приватна лекарска пракса, каде што главно лекувал полови болести. Во градот зафатен со револуција и со Граѓанската војна, владееле хаос и пљачки. Неколку пати доаѓало до смена на власта и до промена на уредувањето.
Кадар од филмот „Белата гарда“
реж. Сергеј Снежкин, 2012/Нон-стоп ПродакшнАтмосферата на овие настани и животот на своето семејство Булгаков ги има опишано во романот „Белата гарда“. Благородничкото образовано семејство Турбини се обидува да го зачува вообичаениот начин на живот додека светот околу нив се урива. Во својата куќа тие примаат белогардејци, а и самиот Турбин учествува во Граѓанската војна на страна на белите. Булгаков исто така бил симпатизер на белото движење и подоцна тоа не го криел.
На крајот на Граѓанската војна Булгаков служел како лекар на Кавказ (токму тука првпат почнал да пишува). Велел дека творечкиот импулс го доживувал одамна, а по сите настани и потреси што ги преживеал, ја напуштил медицината и се посветил на пишувањето. На почетокот објавувал во локално списание во Владикавказ, а потоа му станало јасно дека треба да се пресели во Москва.
Михаил Булгаков околу 1910 година
Слободни извориВо 1921 година својот роднина од Киев во Москва го примил неговиот вујко, споменатиот лекар Покровски. Булгаков започнал да објавува во весниците и списанијата на престолнината. Пишува сатирични статии, есеи, репортажи. Особено блиску соработува со весникот на железницата „Гудок“ во која постел посебен сегмент посветен на сатирата, каде што свои текстови објавувале и Иљја Иљф и Евгениј Петров, Михаил Зошченко и други значајни хумористи и сатиричари.
На крајот, во 1925 година во литературно списание објавен е неговиот прв роман „Белата гарда“, како и неговите раскази. Поради тоа што за време на претресот е пронајден романот „Кучешко срце“ во кој на сатиричен начин е прикажано новото советско уредување и новите советски луѓе, Булгаков е повикан на сослушување.
Кадар од филмот „Кучешко срце“
реж. Владимир Бортко, 1988/ЛенфильмМеѓутоа, по некакво чудо не настрадал, а ракописите му биле вратени (иако делото е објавено дури во 1987 година за време на перестројката и според него веднаш беше снимен филм кој стекна култен статус).
Голема страст на Булгаков бил театарот. Врз основа на романот „Белата гарда“ го напишал сценариото „Деновите на Турбини“ за Московскиот уметнички театар (МХАТ), претстава што била прикажана со голем успех. И самиот Сталин ја гледал претставата неколку пати (па, дури и ја спасил од забрана).
На Сталин, меѓу другото, му се допаднала драмата-буфонада „Зојкиниот стан“ за Москва во дваесеттите години. Во неа станува збор за приватен стан под параван на кројачка работилница во која се организира јавна куќа. Со голем успех на сцената е изведено и делото „Бегство“ за последниот обид на белогардејците да им се спротивстават на комунистите за време на Граѓанската војна и нивната евакуација од Русија.
„Деновите на Турбини“ на театарската сцена во 1926. година
МАММ / МДФ/Russia in photoВо триесеттите години од минатиот век над животот на Булгаков надвиснуваат темни облаци. Неговата суптилна сатира власта започнува да ја доживува како непријателска. Зајакнувањето на власта на Сталин и новото уредување бараат од литератот максимална јасност, реализам и опишување на позитивните страни на советската власт. Делата на Булгаков се забранети во сите театри.
За тоа како ги обивал праговите на театрите во обид да понуди за поставување некое свое дело Булгаков пишува во „Театарски роман“ (1936), каде што иронично го опишува театарскиот и литературниот амбиент во триесеттите години од минатиот век. Поголемиот дел од јунаците на ова дело наоѓаат прототипи во стварноста. Овој незавршен роман е објавен дури во шеесеттите години од минатиот век.
Михаил Булгаков
TASSВо 1930 година Булгаков одвај крпи крај со крај, неговите дела не се објавуваат, нити се поставуваат во театрите. Во очај тој им упатува писмо на властите, барајќи да му дозволат да емигрира или да му овозможат работа во театар. Потоа му се јавува лично Сталин и, според сеќавањата на неговата сопруга, му поставува интересно прашање: „Да не ви здодеавме?“ Булгаков не бил подготвен за вакво прашање. Одговорил дека писателот сепак не може да твори надвор од татковината. Тогаш Сталин му советува да се пријави за работа во МХАТ: „Мислам дека ќе се согласат“. И секако, по јавувањето, Булгаков добива работа, за волја на вистината, примен е на позиција која за неговите способности била прилично неадекватна, како асистент на режисер. Сепак, можел да работи и да заработува.
Михаил и Елена Булгакови
Государственный Литературный музей/Russia in photoРоманот „Мајсторот и Маргарита“ Булгаков го пишувал повеќе од десет години. Работата на него не одела лесно. Освен тоа, писателот знаел дека тешко ќе може да го објави.
За време на атеистичката советска власт да се пишува роман за Христос било потфат кој уште на почетокот бил осуден на неуспех. Романот за првпат е објавен по повеќе од 20 години од неговото настанување и по смртта на авторот, згора на тоа, со значителни кратења.
Токму Елена Сергеевна (родена Њуренберг, потоа Нејлова, Шиловска и по третиот сопруг Булгакова), која се смета за прототип на Маргаритра, направила многу за печатењето на романот, како и за зачувувањето на наследството на Булгаков. Некои негови забранети дела им ги давала на сигурни луѓе на Запад за објавување и за да не бидат изгубени, уништени или запалени од страна на КГБ.
Денес „Мајсторот и Маргарита“ е еден од култните романи познат во целиот свет. А, многумина Руси знаат напамет и често цитираат бројни фрази од ова дело.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче