Приемот во американската амбасада кој бил инспирација на Булгаков за „Балот кај Сатаната“

Russia Beyond (Legion Media; Public domain)
Пролетта 1935 година новоимемнуваниот американски амбасадор во Русија наложил да се организира забава што ќе го надмине сето она што дотогаш било видено во Москва пред и по Октомвриската револуција. Соработникот на амбасадара Чарлс Тејер, кој бил задолжен за организација на оваа фамозна журка направил и повеќе од што се очекувало од него.

Проект на Вилијам Булит

Вилата во близина на улицата Арбат во центарот на Москва била резиденција на американскиот амбасадор во Советскиот Сојуз уште од 1933 година. Позната како Спасо-хаус, оваа вила била место за одржување бројни настани на највисоко ниво што ги организирало американското дипломатско претставништво во Москва. Најпознат меѓу нив бил Пролетниот фестивал, толку екстравагантен и апсурдно раскошен што во романот на Михаил Булгаков „Мајсторот и Маргарита“ е прикажан како „Големиот бал кај Сатаната“.

Спасо-хаус

Пред да замине во САД за консултации американскиот амбасадор во СССР Вилијам Булит наложи одма по неговото враќање во Москва да се приреди голем прием. Го задолжи Чарлс Тејер, службеник во амбасадата, да се погрижи за организација на настанот велејќи му дека забавата мора „да го надмине сето она што дотогаш било видено во Москва пред и по Октомвриската револуција“. 

Вилијам Булит

Според сведоштвото кое Тејер подоцна го навел во својата книга „Мечки во кавијар“, амбасадорот му рекол да даде сѐ од себе и да не се грижи за трошоците.

Тејер дословно го сфатил тоа и приредил незаборавна вечер.

Селски двор во вилата Спасо-хаус?!

Тејер признал дека на необичниот дизајн на забавата во голема мера влијаеле идеите на сопругата на секретарот на амбасадата Ирен Вајли.

Спасо-хаус

„Ајде да купиме некакви домашни животни и да направиме мал селски двор во аголот на салата. Забавата ќе ја наречеме Пролетен фестивал. Знаевд дека не треба да ѝ противречам“, запишал Тејер во своите мемоари.

Тој тврдел дека се согласил на идејата со животни зашто настапот на пеачите обично бил врвот на забавата на приемите што ги организирале други странски амбасади во Москва (а, и во другите градови). Булит, Вајли и Тејер се сложиле дека претстојната забава во американската амбасада треба да понуди сосема поинакво доживување.

Чарлс Тејер (втор од лево) во резиденцијата на американската амбасада во Москва.

На прв поглед се чинело дека станува збор за едноставна идеја. Тејер требал да набави неколку јагниња и да ја украси салата со цвеќе, додавајќи неколку брези во саксии. Меѓутоа, проблеми се појавиле на самиот почеток.

Пролетта 1935 година доцнела и било премноги ладно за цвеќиња и за разеленети брези. Освен тоа, јагнињата што ги позајмил од една фарма во Москва ширеле неподнослива смрдеа. Тејер отишол кај директорот на московската зоолошка градина кој му предложил јагнињата да ги замени со неколку планински кози кои, во теорија, требало помалку да се чувствуваат. Теjeр позајмил шест кози од зоолошката градина, но тоа не било доволно за Вајли која допрва се загревала со идеите за претстојниот урнебес. Имено, Теjeр се сеќава како изјавила дека не би било лошо да се додаде уште една мечка.

Бројот на животните предвидени за забава постепено се зголемувал. Освен козата и мечето, биле додадени петли, златни фазани, папагали со долги опашки и јато мали птици. Покрај тоа, Теjeр од Хелсинки набавил 1.000 лалиња за да ги додаде на брезите кои биле поттикнати да цветаат откако ги држеле во влажна и топла просторија.

Амбасадата била подготвена за забавата која се гледа еднаш во животот.

Спасо-хаус

Средба на мечката и генералот

На 24 април 1933 година високите гости се собрале во Спасо-хаус. Амбасадорот Булит сакал тоа да биде незаборавен настан што ќе ги собере буквално сите значајни личности во Москва, освен, секако, Јосиф Сталин.

Меѓу гостите се нашле комесарот за надворешни работи Литвинов и неговата сопруга, политичарите Ворошилов, Каганович и Бухарин, началникот за вооружување на Црвената армија Тухачевски и други водечки генерали, како и познати балетски танчари, па и писателот Михаил Булгаков. Забавата ја собрала дипломатската, политичката, воената и културната елита на СССР.

Спасо-хаус

Нештата почнале да излегуваат од контрола речиси од самиот старт, се сеќава Тејер. Еден од петлите успеал да го пробие дното на својот кафез и излетал право на тацната со гускини џигери кои стасале од Стазбур специјално за оваа пригода. Подоцна еден од гостите шишето со млеко од кое мечето пиело млеко го заменил со шише со шампањско. Гостинот на мечето му го зел млекото, ја ставил цуцлата на шише со шампањско и му го дал на мечето кое испило неколку голтки пред да сфати дека е наседнат и го превртело шишето на подот. Советскиот генерал Александар Егоров забележал дека мечето е вознемирено и се обидел да го смири така што го зел во прегратка, што било голема грешка, зашто мечето во истиот момент повратило на свечената униформа на генералот.

Маршалот на СССР Александар Егоров

Гневниот Егоров му се развикал на збунетиот Тејер, споредувајќи го приемот со циркус и тврдејќи дека животните во американската амбасада изгледа имаат ист третман како и генералите. Амбасадорот веднаш го прекорил службеникот поради неговата грешка, но генералот набргу се вратил во нова униформа и му рекол:

„По сѐ, заклучив дека вината не е ваша. Децата се деца, дури и ако се мечки“, рекол наводно генералот пред да се врати на забавата.

Забавата траела до 10 часот и 30 минути следниот ден. Спасо-хаос била во целосен неред, а вработените паѓале од нозе од замор.

Булит и соработниците на американската амбасада, 1934 година.

Не успевајќи да смисли ефикасен начин да ги фати сите птици кои и понатаму летале по пространата сала, Тејер на крајот едноставно ги избркал надвор низ отворениот прозорец.

На крајот негативните последици биле ублажени (иако само делумно). Тејер подоцна се шегувал дека од него повеќе не барале да организира прием во амбасадата, но затоа што е премногу скапоцен службеник за да се занимава со толку несериозна работа!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња