„Војна и мир“, средбата меѓу Андреј и Наташа
Л. ПастернакЗа Русите класичната литература не е само начин подобро да се совлада јазикот или да се скрати времето. Некои класични дела кои се изучуваат во училиштата имаат важна улога во формирањето на националниот културен идентитет и Русите често се повикуваат на нив кога сакаат да сфатат некои ситуации од животот или да опишат некоја личност, кога зборуваат за љубовта или за омразата, но и за ефектни фрази или за правење шега. Russia Beyond-Македонија ги избра најважните литературни дела кои, ако ги прочитате, ќе ви го доближат рускиот менталитет.
Цитатите од комедијата „Малолетник“, најуспешното сатирично дело на писателот од 18 век Денис Фонвизин, брзо станаа основа за бројни фразеологизми и изреки во рускиот јазик и литературата. Главниот јунак на оваа драма Митрофанушка е себичен и необразован аристократ и главна места на хуморот на Фонвизин. Многу брзо откако во 1783 година „Малолетник“ беше поставен на московската театарска сцена, комедијата стана хит. Но, Екатерина Велика на Фонвизин му забранува да ги објавува своите литературни дела, што била цената кој тој морал да ја плати за својот сатиричен приказ на животот во Русија.
Дипломатот и театарски писател Александар Грибоедов влезе во историјата на руската литература само како автор на едно дело: „Од умот си страдаме“. Монолозите на главниот јунак на ова ремек-дело Чацки на училиште често се учат напамет. Ова дело од 19 век го покажува конфликтот со кој се соочува една образована личност која не е во состојба да му се додворува на лицемерното општество. Завршено во 1824 година, ова дело поради државната цензура е објавено дури во 1833 година. Но, авторот не го доживеал неговото објавување. Како амбасадор во Персија, Грибоедов е убиен во 1829 година во побуна во Техеран, а имал само 34 години.
Сигурно најсјајната ѕвезда на руската поезија, Александар Пушкин бил пионер во жанрот роман во стихови, кој најдобро го претставува неговото генијално дело „Евгениј Онегин“. Оваа приказна за несреќната љубов помеѓу Онегин, хедонист кој го мачат здодевноста и заморот од животот, и скромната ќерка на селскиот земјопоседник Татјана. Таа се вљубува во него, тој на почетокот нејзината љубов не ја сфаќа сериозно. Оваа книга со право често се нарекува енциклопедија на рускиот живот од 19 век и до денешен ден е омилена меѓу Русите. Најпознати делови од романот се писмото на Татјана до Онегин, описите на Москва, зборовите посветени на природните убавини на Русија, како и духовитите и автоиронични пасажи на писателот.
Ова е приказна за Григориј Печорин, руски офицер кој служи на Кавказ. Овој бонвиван што го создал рускиот поет и писател Михаил Лермонтов припаѓа на галеријата „одвишни луѓе“ во руската литература на 19 век кои се продолжение на ликот на Евгениј Онегин на Пушкин. Високообразованиот руски аристократ Печорин е циничен и меланхоличен нихилист. Тој не ја гледа смислата на животот и си игра со смртта, додека во другите гледа „опитни глувци“ за своите сурово експерименти и средство за хедонистичко уживање. На јунакот на Лермонтов подоцна ќе му се придружат други бројни ликови од руската литература од 19 век. Лермонтов, заедно со Пушкин, се смета за еден од најголемите руски поети.
„Мртви души“ на Николај Гогољ е еден од најсилните романи на руската книжевност од 19 век. Овој голем руски писател, сепак, го запалил продолжението на романот и набргу умрел во душевно растројство. Главниот јунак на „Мртви души“ Павел Чичиков патува низ земјата и купува кметови кои постојат само на хартија за да изведе финансиска измама, претставувајќи ги мртвите кметови како живи. Потоа планира врз основа на тоа да земе кредит од банката и да избега со парите. Патувањата на Чичиков ја прикажуваат реалноста на животот во руската провинција во 19 век и типовите на луѓето кои живеат на овие места.
Со над 25 екранизации низ целиот свет, „Злосторство и казна“ е веројатно најпознатото дело на Фјодор Достоевски. Главниот лик се обидува да реши морална дилема. Родион Раскољников бара одговор на прашањето за тоа дали е тој единственото „ништожно суштество“ и дали има право да убие, Тој се споредува со Наполеон и мисли дека добрите намери можат да го оправдаат злосторството. Убива една старица што позајмува пари, а потоа им се предава на властите зашто совеста не му дава друг избор. Денес во Санкт Петербург постојат места за туристи кои се посветени на животот на овој литературен јунак.
„Војна и мир“, средбата меѓу Андреј и Наташа
Л. ПастернакВеројатно ни многумина Руси не биле во состојба да ги прочитаат сите четири тома на „Војна и мир“. Сепак, сите некогаш се враќаат на ова бесмртно дело. Некои им даваат предност на страниците за љубовта, некои на битките во војната против Наполеон (1805-1812). Без сомнение, „Војна и мир“ е еден од најважните романи во руската и во светската литература. Во Советскиот Сојуз ова била најпечатената книга со над 360 милиони примероци во 312 едиции.
Русите почнуваат да ги читаат расказите на Чехов уште во пониските одделенија на основното училиште. Полни со хумор, иронија, сатира, расказите на Чехов ги сакаат Русите од сите возрасти. Некои од најпознатите раскази се „Јонич“, „Дебелиот и танкиот“, „Мала трилогија“. Драмите на Чехов „Галеб“, „Вујко Вања“, „Три сестри“, „Вишновата градина“ се читаат малку подоцна во средно училиште или во студентските години.
За оваа книга Михаил Шолохов ја има добиено Нобеловата награда за литература во 1965 година. Некои велат дека е невозможно 22-годишен писател да може да напише толку вредно дело. Неговите први ракописи се изгубени, што е малку чудно, ако се земе предвид значењето на книгата. Некои стручњаци велат дека вистинскиот автор на романот е Фјодор Крјуков, офицер на Белата армија. Непобитна вистина е, сепак, дека оваа книга за судбината на човекот во годините на револуцијата, за животот на донските козаци е еден од најзначајните романи на руската литература на 20 век.
Делото на уште еден добитник на Нобеловата награда (1970 година) долго време беше забранувано во руските училишта. Расказите и романите на овој автор почнаа да се појавуваат во училиштата за време на перестројката, кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, и станаа доказ за Сталиновите репресии во СССР. „Еден ден на Иван Денисович“ за првпат е објавен во 1962 година. Тоа е приказна за робијашите во Гулагот во педесеттите години од минатиот век, прва книга која отворено опишува еден Сталинов логор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче