Лев Толстој
Морзов / РИА НовостиДобитникот на Нобеловата награда Владимир Набоков бил заинтересиран за ентомологијата и бил колекционер на пеперуги. Синот на писателот, Дмитриј, раскажувал дека кога тој се проштевал со татка си пред смртта, очите на писателот наеднаш се наполниле со солзи: „Го прашав: зошто? Тој рече дека некои пеперуги, изгледа, веќе полетале...“
Писателот и лекарАнтон Чеховумрел во германското одморалиште Баденвајлер од туберкулоза. Според старите германски традиции, докторот, кој на својот колега му поставува смртна дијагноза, го чести со шампањско. Последните зборови на Чехов биле имено обраќање кон лекарот што го лекувал.
Поетот-симболист Александар Блок тешко се разболел напролет 1921 година, а тоа било поврзано и со гладните години на граѓанската војна, со истоштениот нервен систем, и со неприфаќањето на неговата револуционерна поема „Дванаесетте“ од страна на руската интелигенција. Писателот Максим Горки, наркомот Анатолиј Луначарски, сите другари на поетот кренале врева за да се испрати Блок на лекување во странство, но Политбирото на болшевистичката партија забранило негово заминување. Имено, дента кога бил готов неговиот пасош и била добиена дозволата, Блок умрел.
Советскиот писател Михаил Зошченко, мајстор на раскажувањето, неверојатно популарен во дваесеттите и во триесеттите години од минатиот век, минал низ критика и гонење од страна на власта, се судрил со сиромаштија и со предавство на своите пријатели литерати. По исклучувањето од Друштвото на писателите, Зошченко си заминува на дачата, каде ги минува последните години од животот. Денес го нарекуваат рускиот Кафка за сфаќањето на метафизиката на советскиот бит.
Михаил Салтиков Шчедрин бил познат по својот беспоштеден хумор и по сатирата. Според легендата, тој ја поздравил својата сопствена смрт со прашањето „Ти ли си, глупачке?“.
Овие зборови ѝ ги има кажано писателот Фјодор Достоевски на својата жена Ана. За време на семејниот живот сопрузите се раздвојувале само на по неколку дена. Ана не била само негова жена, ами и помошничка: таа ги препишувала неговите ракописи, работела со издавачите и со типографите, па дури и му помогнала да ја победи страста кон рулетот.
Ова се зборови на поетот Фјодор Тјутчев, чии стихотворби се дел од ремек-делата на руската поезија, а неговите стихови можат да се најдат во сите учебници по руска литература. Многу цитати, па дури и строфи на Тјутчев станале афоризми.
Русија не се разбира со ум,
Со еден аршин не се измерува:
Таа има свој посебен друм –
Во Русија може само да се верува.
На дуелот на Михаил Лермонтов со Николај Мартинов по броењето на секундантот никој не стрелал, а тој, пак, викнал: „Стрелајте или го прекинувам дуелот!“, на што Лермонтов спокојно одговорил: „Нема да стрелам во овој будала!“. Овие зборови го здоболеле Мартинов и тој стрелал по што се фрлил над телото на легнатиот поет и велел: „Миша, прости ми!“. Но, Лермонтов веќе бил мртов.
На 83 години грофот Лев Толстој решил да се раздели со среденото и добро постоење на својот имот во Јаснаја Пољна. Заедно со ќерка си и со домашниот лекар тој заминал инкогнито во вагон од трета класа. По пат настинал, добил воспаление на белите дробови. Кога веќе паднал во делириум, писателот ќе каже: „Ја сакам вистината“.
Скалата е еден од главните загатки кај писателот Николај Гогољ. Уште како мал Коља слушнал од баба си за скалата по која душите на луѓето се качуваат на небо. Затоа таа често се среќава во различни варијации во делата на Гогољ. Според очевидци, последните зборови на писателот биле: „Скалите, брзо дајте ги скалите!“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче