Најстарите зачувани згради во Москва се надалеку познатиот храм „Св. Василиј Блажени“, црквите на Московскиот кремљ и Спаскиот собор на Спасо-Андрониковиот манастир од XV век во кој се наоѓаат фрагменти од фрески на славниот руски иконописец Андреј Рубљов. Од времето пред Петар Велики останале неколку палати, вклучувајќи ја и зградата на болјарите Романови градена во периодот на XVI-XVII век, како и Стариот англиски дворец изграден помеѓу XV и XVI век.
Кремљовските цркви (XV век)
Сергей Пятаков/SputnikПалатата на болјарите Романови (крај на XVI — почеток на XVII век)
Сергей Киселев/Агентство «Москва»Спаскиот собор во Спасо-Андрониковиот манастир (XV век)
Legion MediaСо доаѓањето на власт на Петар Велики во Русија продреле западните влијанија, вклучувајќи ги и архитектонските. Така, во комбинацијата на европскиот барок и руското китнесто „узорочје“ е создаден уникатен стил на московски барок кој и денес може да се види во многу цркви во Москва и на периферијата, каде благородничките семејства граделе храмови.
Храмот „Покров на Пресвета Богородица во Филим“ (1690-94)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)Ансамблот на Новодевичиот манастир (крај на XVIII век)
Sylvain Sonnet/Getty ImagesЦрквата „Животворна Троица“ во Троице Ликово (1698-1703)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)Уморни од барокот и неговите прекумерни декоративни елементи, архитектите се свртеле кон експерименти со готика. Зашилените луковици и шилците вперени во висините на почетокот му биле туѓи на руското око, но на крајот, сепак, влегле во мода и навлегле дури и во црковната архитектура.
Царицино (XVIII век)
yulenochekk/Getty ImagesЕлектрозавод (1928)
Софья Сандурская/Агентство «Москва»Римо-католичката Катедрала на безгрешното зачнување на Пресвета Дева Марија (1901-1911)
Александр Авилов/Агентство «Москва»По долгогодишната доминација на сè што е европско, за време на владеењето на императорот Александар III, на крајот на XIX век, во мода доаѓа свртувањето кон руските корени. Еден од најмаркантните примери на рускиот стил беше храмот „Спас на крвта“ во Санкт Петербург, кој на некој начин наликува на московскиот храм „Св. Василиј Блажени“. Императорот лично ја одобрил изградбата на оваа црква. Во Москва биле изградени бројни приватни куќи кои наликувале на болјарските, а директно на Црвениот плоштад, во ансамблот на старите згради била вметната новата, стилизирана зграда на Историскиот музеј.
Историски музеј (1875-1883)
Legion MediaДомот на трговецот Игумнов (1888-1895)
Sergei Baldin/Getty ImagesИмотот на Шчукин, денес Биолошки музеј „К. А. Тимирјазев“ (1892-1915)
Legion MediaАсиметрични композиции, растителна орнаментика, мозаици и свртување кон руското минато се карактеристики поврзани со развојот на рускиот модернизам (сецесија), еден од најнеобичните архитектонски стилови на преминот од XIX во XX век. Богатите луѓе од тоа време, љубители на уметноста, се обиделе да градат куќи во овој стил, а еден од главните архитекти на рускиот модернизам бил Фјодор Шехтел, кој ја проектирал познатата куќа на Рјабушински и зградата на Јарославската железничка станица.
Куќата на Рјабушински (1900-1903)
Екатерина Борисова (CC BY-SA 4.0)Јарославска железничка станица (1902-1904)
yulenochekk/Getty ImagesХотел „Метропол“ (1899-1905)
Tim Bieber/Getty ImagesСоветската влада ја поттикнуваше авангардата во архитектурата, па Москва беше преплавена со експериментални згради со минимален декор, но со обмислена практична конструкција и најчесто големи прозорци. Водечки правец на советската авангарда во архитектурата беше конструктивизмот, а негови главни архитекти беа Константин Мелников, Алексеј Шчусев и браќата Веснини.
Зградата на дневниот весник „Известија“ (1925-27)
Алексей Филиппов/SputnikЗградата на Народниот комесаријат за земјоделие на СССР (1928-1933)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)Фабриката за леб бр. 5 (1931)
Courtesy of Zotov centerКуќата на Мелников (1927-29)
Paulkuz (CC BY-SA 4.0)По конструктивистичките експерименти со формите на советската архитектура, забележливо е свртување кон класиката, што повеќе одговараше на вкусот на Сталин. Постконструктивизмот е советска варијанта на стилот Арт Деко во кој се изградени облакодерите во Њујорк. Овој стил се карактеризира со монументализам, столбови, украси во форма на грбови, барелјефи и скулптури, како и строгост на формата и комбинација на бетон и метал.
Руска државна библиотека (1928-1958)
RomanBabakin/Getty ImagesЗградата на Министерството за одбрана во Колимажниот сокак (1934-38)
NVO (CC BY-SA 2.5)Зградата на Државната Дума (1932-35)
yulenochekk/Getty ImagesСо текот на времето, советската архитектура се трансформираше во стил што историчарите на уметноста го нарекоа сталински ампир. Тенденцијата беше особено забележлива во повоениот период. Тоа не е едноставно класика, туку помпезен и триумфален стил на земја-победничка. Споменатиот стил се карактеризира со столбови, тремови, идеална симетрија, спирали, гипсени украси, скулптури, балкони-еркери и комплицирани венци на покривот, ѕвезди-петокраки и грбови на СССР. На тој начин се изградија станбени згради и репрезентативни објекти, како што е, на пример, речната железничка станица. Врвот на стилот го претставуваа солитерите на Сталин со шилци кои се стремат во височината.
Московски Државен универзитет (1949-1953)
Dmitry A. Mottl (CC BY-SA 3.0)Централниот павилјон на ВДНХ (1951-1954)
Mario Modesto Mata (CC BY-SA 3.0)Северна речна железничка станица (1933-37)
Кирилл Зыков/Агентство «Москва»По заминувањето на Сталин, беше прогласена борба против претерувањето во архитектурата и во земјата речиси две децении масовно се градеа типски станбени згради, таканаречени „хрушчовки“. А во седумдесеттите години на дваесеттиот век, кога во земјата се појавија малку повеќе пари и можности, властите повторно посакаа да ја покажат моќта на советската држава. Така никнаа монолитни масивни бетонски згради без никакви украси, кои оставаа впечаток со нивните огромни димензии и нетипични форми, како што тоа беа „лежечкиот облакодер“ или куќата-брод, изградена за вработените во нуклеарната индустрија (идејата беше да асоцира на нуклеарен реактор). Или злокобната зграда на институтот за онкологија. Дури и телевизиската кула во Останкино, која наликува на ракета, е поставена на масивна бетонска основа и му припаѓа на тој стил.
Институт за онкологија „Н.Н. Блохин“ (1972-1976)
Михаил Александров/TASSДомот на авијатичарите (1973-1978)
Николай Галкин/TASSТелевизиската кула во Останкино (1960-1967)
Алексей Филиппов/SputnikДеведесетите години на минатиот век беа тешки времиња за земјата, па го поносоа епитетот „диви“. Имено, по распадот на СССР дојде времето на новата пазарна економија, „новокомпонираните Руси“ и криминалот. Меѓутоа, тоа истовремено донесе и многу слобода. За поранешните советски луѓе повторно се отвори сè западно и тие само се обидуваа да го пронајдат чувството за стил и вкус. На тоа му претходеше период на несреќни експерименти. Додека Јуриј Лужков беше градоначалник, а практично и „газда“ на Москва, во главниот град никнаа бројни згради, кои денес се вбројуваат во репрезентативните примероци на лошиот вкус. Тоа беше обид да се создаде некој вид нов стил, со употреба на стакло, метални конструкции и висока технологија, но и потпирајќи се на архитектонските трендови од минатото како што се Арт Ново, Арт Деко и други еклектични тенденции.
Трговски центар „Наутилус“ (1999)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)Куќа-јајце (2002)
Мария Девахина/SputnikДомот на музиката во близина на метро-станицата „Павелецкаја“ (2002)
T3ru (CC BY-SA 4.0)Театар Et cetera (2005)
Анна Клименко/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче