Би можеле да си помислите дека Северот е секогаш просто на Север, но што всушност значи „Рускиот Север“? Тоа не е Арктикот, а не е ниту Сибир. Се работи повеќе за културолошки отколку за географски поим.
Дрвосечачи во Витегра, Вологодска област, 1909.
Сергеј Прокудин-ГорскиТерминот „Руски Север“ првпат се појавил на крајот на XIX век во белешките на архангелскиот губернатор и оттогаш го користат писатели, научници, па дури и државни функционери. Првично се однесувал на заедничката култура на народите на североистокот на Русија. Научниците ги нарекуваат претставници на етнографските групи на Рускиот Север, кои ги поврзува слична култура, начин на живот и слични дијалекти.
Село Сјузма, Архангелска област
Александар Лискин/SputnikОбично под Руски Север се подразбира дел од територијата од бреговите на Баренцовото и Белото море па сè до Урал, односно европскиот дел на северот на Русија. Административно, оваа територија ги опфаќа Карелија, Архангелската област, Република Коми, дел од Мурманската област, дел од Ненецкиот автономент округ, Вологодската област, дел од Јарославската област, дел од Кировската област и дел од Пермската област.
Тотма, Вологодска област
Legion MediaПостои дури и изрека: „Северот почнува од Вологда“. Во минатото, Вологодската област имала големо значење, бидејќи се наоѓала на трговскиот пат од Европа преку Архангелск до централна Русија и Сибир. Белозерск, Велики Устјуг и Тотма биле градови со најбогатите трговци (вклучувајќи ги и основачите на Руска Америка). Областа ја изгубила својата важност со развојот на Санкт Петербург и пренасочувањето на трговските патишта од Белото кон Балтичкото море.
Село Стара Ладога, Ленинградска област
Алексеј Даничев/SputnikСанкт Петербург никогаш не му припаѓал на Рускиот Север. Напротив, отсекогаш се сметало дека од него потекнува сé што е западно и туѓо во Русија, додека Рускиот Север е термин поврзан со изворната руска традиција. Меѓутоа, некои места во Ленинградската област припаѓаат на Рускиот Север. Тоа се краиштата на истокот на регионот околу Вологда, Тихвин, Стара Лагода и Волхов. Денес овие места се сметаат за центри на Рускиот Север.
Музејот на стари занаети „Мали Корели“ во селото Уемски, Приморски реон, Архангелска област
Павел Љвов/SputnikНајпрепознатливото нешто што ги опишува овие краишта е извонредната дрвена архитектура. Тоа не се обични куќи од дрво, туку уметнички дела. Во Русија постојат неколку музеи на отворено каде што можете да видите примери на стари дрвени цркви, куќи, мелници и други згради. Дрвото не е долговечен материјал, меѓутоа, поради изолираноста и слабата населеност, и денес можеме да видиме како изгледале дрвените цркви пред неколку векови.
Од истата причина, зачувани се голем број традиционални занаети: боење на гравирани сребрени предмети со техниката ниело во Велики Устјуг, резбање коски во селото Холмогори и изработка на играчки од глина во Каргопол.
Кирило-Белозерскиот манастир
Legion MediaНа Рускиот Север се зачувани најголем број стари манастири и цркви од XIV, XV и XVI век. Најпознати се Кирило-Белозерскиот и Ферапонтовиот манастир во Вологодската област; манастирот-тврдина на Соловецките Острови; и манастирот „Александар Свирски“ во Ленинградската област. Манастирите на Белото езеро обично поетски се нарекуваат „Руска Тебаида“, алудирајќи на египетската Тебаида, место каде живееле ранохристијански пустиници. Овие манастири имаат не само религиозно, туку и општо културно значење: во нив се основани северните школи за иконопис и архитектура. Исто така, околу манастирите настанале бројни села и градови.
Помори. Почеток на XX век
Николај ШабунинНа крајот на XVII век Рускиот Север станал дом на староверници. Тоа биле луѓе кои не ги прифатиле официјалните црковни реформи и се преселиле во овие зафрлени области каде што никој не можел да ги најде. Исто така, локалното население долго време одбивало да се префрли на новото сметање на времето кое го вовел Петар I (според Поморите кои го почитувале стариот словенски календар, сега е 7530-та година). Древните обичаи се „конзервирани“ на Рускиот Север со текот на низа генерации (до појавата на современиот сообраќај и телекомуникациите).
Музејот на стари занаети „Мали Корели“ во селот Уемски, Приморски реон, Архангелска област
Владимир Трефилов/SputnikРускиот јазик има само три дијалекти кои лесно се разликуваат на слух Севернорускиот е многу мелодичен, како песна, и има многу гласови „о“. На оваа снимка можете да слушнете девојка како раскажува бајка.
Важно е да не го мешате поимот Руски Север со поимот Краен Север. Тоа се две сосема различни работи.
Бели мечки во селото Риркајпи, Иултински реон, Чукотски автономен округ
Максим Деминов/SputnikКрајниот Север исто така не е целосно географски поим, туку повеќе се однесува на социјалната и економската сфера. Станува збор за фактот дека во поголемиот дел од Русија владеат многу сурови климатски услови со студени и долги зими. Сите овие краишта припаѓаат на Крајниот Север. Тоа се однесува на областите со вечен снег и мраз од полуостровот Јамал до Чукотка и на тешко достапните делови на Сибир, на пример, на некои населби во Република Тува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче