Денес можете да стигнете тука само по вода. Архипелагот во Белото Море се состои од шест големи острови и преку 100 мали. На територијата на островот, меѓу ѕидините на средновековниот манастир, постоел советски поправно-работен логор за посебна намена. Денес островите се дел од светското наследство на УНЕСКО, „илустрирајќи значаен период во човечката историја“.
Тикси е населба на брегот на заливот Буор-Хаја во Лаптевското море. Според пописот од 2010 година, таму живееле 5063 луѓе, што ја прави најсеверната населба со население од над 5000 луѓе.
Клисурата на главниот Кавкаски венец во подножјето на Елбрус е позната по големиот број термални извори и водопади, што привлекува туристи од цел свет.
Селото Павловка на реката Уфа во Башкортостан од сите страни е опкружено со густа шума и најголемата река во републиката.
Камчатка привлекува многумина со своите пејзажи со вонземна убавина. На нејзината територија има 30 активни и преку 160 изгаснати вулкани. Многумина од нив можат да се видат само од хеликоптер.
Речиси третина од цела Југра, на која би се сместила цела Франција, ја сочинуваат мочуришта. Мочуриштата се богатството на овој регион. Секоја година овде се собираат истражувачи од цел свет.
Се смета дека Белото море го добило називот по белкавата вода или поради маглата. Во секој случај, можеме да видиме дека не било секогаш бело.
За релјефот на Магаданската област се карактеристични висиите, планинските венци и вулканите. Последниве се наоѓаат во близина на градовите и локалните жители сакаат да се искачуваат на нив. Сепак, по лошо време тоа може да биде опасно, бидејќи тука владее сурова клима.
Вештачкото езеро на Дон настана со изградбата на браната 1952 година.
Лебединскиот рударски комбинат е најголемиот комбинат за добивање и обогатување на железна руда. Копот е широк 5 километри, а длабок 600 метри. Двапати се најде во Гинисовата книга на рекорди.
Најголемото солено езеро во Европа и едно од најголемите на светот, Ељтон се наоѓа на југот на Русија, недалеку од границата со Казахстан.
Болшаја е притока на реката Ангара, единствената река која истекува од Бајкалското езеро.
Татарстан се наоѓа во центарот на европскиот дел на Русија, во рамнината. Затоа неговиот пејзаж личи на тепих од бајка, направен од цветни полиња и бујни ливади.
Тјуменската област е огромна. Тоа е единствениот регион на Русија што се протега од морињата на Северниот леден океан на север до државната граница на југот од крај до крај на земјата.
Необично е да најдете во Калмикија после зелените шуми и пенливите реки, но тука ќе ви запре здивот од нешто друго: од огромниот солончак што личи на замрзнато езеро.
Сарикум не е само највисокиот бахран (вид дина) во Евроазија, туку и втор по висина на светот. Повисокиот се наоѓа само во Сахара. Тука лете температурата достигнува 60 степени.
Овде се наоѓа арктичка научна станица, која е база за руско-германски истражувања на вечниот лед во Сибир.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче