СЕР, ТАМУ ИМА РУСКИ РАКЕТИ! Список на руските системи што ги најмногу ги Британците

Слободан Ѓукиќ
Командата на британското воено воздухопловство мошне се загрижи поради формирањето непробојна зона на забрана за пристап и маневри (А2/АД), што успеаја да ја образуваат Русите, благодарение на новите системи со голем дострел кои ефикасно можат да дејствуваат против цел спектар цели во воздухот, на копно и во вода. Ова во голема мера ги загрозува оперативните способности на нашата војска, констатираат високи офицери на британската армија.

Во Велика Британија ги коментираа најопасните видови руско вооружување. Што е тоа од кое Британците толку многу се плашат во руското вооружување, пишува Интернет-порталот Балтњуз, а пренесува inosmi.ru.

Помошникот на началникот на штабот на британското воено воздухопловство Џулија Бол оцени дека руските далекострелни системи за ПВО С-400 „Триумф“, крајбрежниот противбродски ракетен комплекс „Бастион-П“ и оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер-М“ се најопасните видови руско тактичко оружје, соопшти Интернет-порталот Janes 360.

Според Бол, благодарение на овие системи за вооружување руската армија успеа да образува мошне компактна зона на забрана на пристап и маневри (А2/АД) која може во голема мера да ги намали оперативните можности на британската војска за време на реагирањето на потенцијално опасната ситуација. Оваа концепција за скротување на условниот непријател, создава неспоредливо поголема опасност за операциите за движење и за преместување на борбените ефективи во зоните кои огнено ги покриваат горенаведените средства.

Помошникот на началникот на штабот на британското воено воздухопловство оцени дека против овие закани може да се најде одговор кој ќе се заснова на примената на системот за вештачка интелигенција, развојот на нови видови перспективно оружје и промена на тактиката во изведувањето борбени дејствија. Во понатамошниот текст ќе го наведеме средствата кои кај Британците привлекуваат најголемо внимание.

Долгата рака на недопирливиот „Искандер“

Високопрецизниот оперативно-тактички ракетeн комплекс на Копнената војска „Искандер-М“ е наменет за прикриени-ненадејни ракетни удари по критично важните објекти во оперативната длабочина на непријателскиот фронт. Благодарение на исклучително прецизната ракета¹, овој систем може да уништи различни видови цели, како што се средства за огнена поддршка, системи за ПВО и за ПРО, вклучувајќи и борбени авиони базирани на аеродроми.

Ракетата која се испукува од ракетниот систем „Искандер-М“ може да достигне височина помеѓу 50-55 километри. На оваа височина таа не може да биде пресретната ниту со еден систем за ПВО. Одлика на овој систем е висока мобилност, а можноста за навремено откривање и лоцирање е мошне мала. За само 60 секунди тој може да лансира две ракети и да ја напушти огнената позиција во целосно пасивна состојба (со сите исклучени уреди).

Патеката на оваа ракета е исклучително тешко да се предвиди. По лансирањето и за време на нејзиното движење кон целта, оваа ракета врши интензивни маневри кои достигнуваат оптоварување од дури 30Г. За да се собори оваа ракета нејзината ракета-пресретнувач би морала да биде во состојба да издржи оптоварување и до 90Г што во овој момент е технички неизводливо.

Оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ се наоѓа во рамките на ракетните единици во состав на секој воен округ, вклучувајќи го и Калининград, што кај западните воени стратези најмногу „боде очи“.

Чуварот на копно што не може да се мине

Во вооружувањето на овој комплекс се наоѓа унифицираната суперсонична самонаведувачка противбродска ракета „Оникс“². Нејзината основна намена е ефикасна борба против површинските бродови, без оглед на нивниот тип и на класата, вклучувајќи тешки крстосувачи и носачи на авиони, поморско-десантни групи, конвои, самостојни бродови и површински радиоконтрастни цели, во услови на масовно електронско попречување и заштитеност со средства за ПВО/ПРО.

„Бастион-П“ може со полн капацитет да ја заштити поморската граница и брегот, благодарение на моќните ракети кои можат да остварат дострел и до 600 километри. Системот има можност за брзо преминување од маршова во борбена положба, кое не трае подолго од пет минути. По овој период „Бастион-П“ е подготвен да оствари огнено дејство, поточно да ја лансира ракетата „Оникс“.

Покрај ракетата „Оникс“ во рамките на овој систем се наоѓа самоодната лансирна единица К-340П на база на МЗКТ-7930 „Астролог“ која ја опслужуваат тројца членови на екипажот. Тука се наоѓа и пунктот на боева команда К0380Р на база на КАмАЗ-43101 во кој се наоѓаат четворица членови на екипажот. Овој систем е опремен и автоматизиран со комплекс за управување кој е опкружен со информациско-технички уреди кои ги поврзуваат борбените средства на комплексот со главниот команден пункт, како и со комплекс средства за техничко обезбедување.

„Бастион-П“ спаѓа во системите за крајбрежна одбрана за кои постои исклучително голем интерес од странските купувачи кои поседуваат долга морска граница. Освен руската арија, извозната верзија на овој систем во своето вооружување ја има и виетнамската армија.

Оружје кое генерира неприфатливи загуби

С-400 „Триумф“ е најновиот руски противвоздушен ракетен систем со голем дострел. Тој претставува одговор на производството на американски системи со слична намена Патриот, како и на противракетниот систем THAAD.

Тој е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел изнесува околу 400 километри (ракетата 40Н6Е), додека по височина дејствува и до 35 километри. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто се наоѓаат 2-3 батерии од овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 воздушни цели на непријателот, во оперативен борбен радиус до 400 километри,

Системот влезе во вооружувањето на 28 април 2007 година. Државната програма за опремување на руската армија има план до 2020 година да заврши комплетирање на 56 дивизиони од системот С-400, што ќе овозможи комплетно вооружување на 28 ракетни полкови кои формациски се составени од два дивизиони опремени со ова исклучително моќно средство. Во овој момент руската армија во своето вооружување има 53 дивизиони опремени сос системите С-400 „Триумф“ кои се наоѓаат во вооружувањето на 23 ракетни полка и два центри за обука на ракетари.

Ракетниот систем „Триумф“ им дава на Русите значителна геополитичка предност. Современиот ракетен систем за ПВО од руско производство е опремен со нови радарско-набљудувачки станици кои му овозможуваат на екстремно големи дистанци да го воочат непријателот и потоа да го нападнат и да го уништат. Рускиот систем за ПВО С-400 во својот арсенал поседува четири типа ракети со различен габарит и за различни намени, благодарение на кои еден комплекс може да реализира задачи кои се поврзани со комплетниот ешалониран систем на противвоздушна одбрана (ПВО)

С-400 е направен врз база на најдобрите особини на неговиот противник С-300, како што се на пример способноста за пресретнување балистички ракети и брза замена на транспортно-лансирниот модул со ракети.

¹ Квазибалистичката ракета 9М723 се одликува со исклучително голема брзина на летање и со променлива траекторија, така што претпоставува цел која е многу тешко, речиси невозможно да се собори со познатите системи за ПРО. Ракетата е способна при брзини кои надминуваат 7500 км/ч да маневрира во висина и правец (трпи оптоварување и до 30G), при што може да достигне висина и до 100 км. Нејзиниот максимален дострел достигнува цели 500 км, додека на тие далечини нејзиното максимално отстапување од целта е само 5-7 метри.

² Ракетата е тешка 3.000 килограми и е долга осум метри. Калибарот на боевата глава изнесува 670 милиметри. Го придвижува таканаречениот Рамџет мотор кој тежи 200 килограми. Со него ракетата може да достигне брзина од околу 3.000 километри на час. Извозната варијанта на ракетата што ја носи ознаката „Јахонт“ може да погоди цел на оддалеченост од 300 километри, додека верзијата на ракетата која е исклучиво наменета за руската армија ја носи ознаката „Оникс“ и има дострел до 600 километри. Во првиот дел од патеката ракетата се наведува инерцијално со радарски висиномер, додека во завршниот дел од патеката, во зависност од целта, командата над ракетата ја презема моноимпулсната радарска глава за самонаведување која може да улови цел на оддалеченост од 75 километри. Вооружена е со пробојно-уривачка боева гла

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња