Су-35С на Меѓународната авиоизложба МАКС-2017
Global Look PressНови крила
Овие авиони и хеликоптери почна да пристигаат во руската армија пред две-три години. Годинава руското Воено воздухопловство доби околу 190 летала.
Најважното засилување на руската авијација се ловците од генерацијата 4++ Су-35С, кои учествуваа во борбите против терористите на „Исламската држава“. Овој авион може да носи 8 тони високопрецизни бомби и ракети на надворешната суспензија, а доби и одбранбени системи против современо оружје за радиоелектронска борба со кое се вооружени странските авиони од истата класа и кое во воздушни борби може да се користи за блокирање на офанзивните системи на авионот Су-35.
Уште едно големо засилување за руската авијација е тактичкиот бомбардер Су-34, т.н. „паткин клун“ (тој прекар го доби поради сплесканиот облик на кабината). Изгледа како авион-ловец, но тоа е всушност тешка машина вооружена до заби која носи 8 тони бомби, па дури и крстосувачки ракети.
Су-34 може да лета 7000 километри без да дополни гориво, сѐ додека не ги исфрли тоните свои бомби врз непријателските глави. Овој капацитет е добиен со интегрирање на многу технологии на бомбардерот Су-24 од советскиот период и стратешкиот бомбардер Ту-22М3.
„Тој е конструиран како високотехнолошка машина чиј екипаж може да бомбардира цели на фронтот и на оддалечени територии. Во кабината има доволно место пилотот да се исправи или да легне меѓу седиштата и да се одмори. Такво нешто беше можно само во огромните стратешки бомбардери или во воените транспортни авиони“, изјави за порталот Russia Beyond-Македонија воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.
Воени хеликоптери
Покрај споменатите авиони, големо засилување во Военото воздухопловство на Русија се секако и „Ноќните ловци“ и „Алигаторите“ (борбените хеликоптери Ми-28 и Ка-52).
Ми-28 „Ноќен ловец“ исто така беше првпат применет во борбите во Сирија. Неговата најважна борба беше битката за Палмира во 2015 година.
На горната видео снимка можете да видите како руски хеликоптер Ми-28 уништува оклопна техника на терористите со наведувани противтенковски ракети. Пред тоа овие летала беа користени само за заштита на руската база Хмејмим.
Ка-52 „Алигатор“ и Ка-52К „Катран“ (морнаричката верзија на овој хеликоптер) се наменети, како и Ми-28, за давање поддршка на копнените сили, односно уништување на непријателски тенкови, артилерија, упоришта итн.
Покрај споменатите борбени машини Министерството за одбрана на РФ очекува дека домашните военоиндустриски претпријатија ќе направат партија транспортни хеликоптери и дека следната година ќе обезбедат уште еден број стратешки бомбардери Ту-160М2, првите ловци од петта генерација Су-57 борци и најновите ловци од генерацијата 4++ МиГ-35.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче