Руски пушки: Тестирање на РПК-16

РПК-16

РПК-16

Николај Литовкин, уредникот на воената рубрика на Russia Beyond, го тестира новиот пушкомитралез РПК-16.

Руските специјални единици во практични услови го тестираа новиот пушкомитралез РПК-16.

РПК-16 претставува средство за огнена поддршка.

Моделот претставува радикална модернизација на советскиот РПК-74.

Се работи за многу компактно и мобилно оружје, кое користи иста муниција како стандардната автоматска пушка. Меѓутоа, големата предност на ова оружје е барабанот со капацитет од 96 куршуми.

На РПК-16 се интегрирани „Пикатини“ шините, кои овозможуваат да му се стават различни додатоци од горната и долната страна на пушкомитралезот како различни оптички, холографски нишани и друга тактичка опрема.

Меѓутоа, најважната карактеристика на ова оружје е едноставната замена на цевката на пушката, без каков било технички прибор.

Имено, доколку борбата се одвива на тесен, ограничен простор, може да се инсталира пократката цевка која ќе обезбеди подобра манипулација со оружјето и огнена моќ.

Од друга страна, ако операцијата се одвива на отворен простор, каде што треба да се уништат цели на поголема далечина, само е потребно да се замени кратката цевка со подолгата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња