Новиот автомобил кој е конструиран специјално за воени цели е всушност лесно теренско возило, отпорно на оган и на мраз, и невидливо за радари. Недоумица предизвикува само неговиот дизајн.
Автомобилот е дизајниран врз основа на легендарното теренско возило Ника што го произведува рускиот автомобилски гигант Лада. Станува збор за двосед со мал габарит, но според сè се работи за мошне добар теренец. Од друга страна, се чини дека инженерите запоставиле сè друго, зашто автомобилот нема ниту покрив, ниту врати, и е со мошне едноставен изглед.
Државниот универзитет на Толјати
„Подобрената“ верзија на Нива е конструирана специјално за потребите на армијата и за првпат ќе биде прикажана на јавноста на военотехничкиот форум „Армија-2017“ кој од 22 до 27 август се одржува во изложбениот центар „Патриот Експо“ во Московската област.
Државниот универзитет на Толјати
Конструкторите тврдат дека возилото е отпорно практично на сè – од корозија до оган, од мраз до хемиски средства и радијација.
Велат дека ваквите исклучителни својства добиени благодарение на композитните полимери од кои е направено возилото. Овој материјал е отпорен на различни штетни влијанија, но лесно може да биде исправен со чекан доколку се деформира.
Државниот универзитет на Толјати
Се наметнува само едно прашање: Доколку возилото е отпорно на оган, на студ и на радијација, зарем не би требало да има покрив?! Не, не би требало. На крајот на краиштата сепак станува збор само за прототип.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче