Су-57: Рускиот ловeц од 5 генерација со ново „срце“ и ново име

Евгениј Бијатов / РИА Новости
Супермодерниот руски ловец досега беше познат под работниот наслов ПАК ФА и Т-50, а сега ја доби својата официјална ознака: Су-57. Авионот е подобрен со нов современ мотор, благодарение на кој ќе биде подобар од американските „колеги“ од истата генерација.

Прототипот на ловецот од руско производство кој досега беше познат под називот ПАК ФА (Т-50) официјално доби нова ознака: Су-57. Трупот на новиот ловец е веќе успешно тестиран. Пред овој авион да тргне во сериско производство ќе биде потребно да се провери оружјето и моторот.

Деветтиот прототип на ловецот Т-50 е опремен со мотор од петтата генерација „изделие-30“ кој ќе биде тестиран кон крајот на годинава.

Овој понов модел на моторот „Изделие-117“ и веќе е монтиран на најновиот Су-57, а „Изделие-117“ е модернизирана верзија на моторот АЛ-31 кој го користат авионите Су-27.

Какви предности носи новиот мотор?

Новиот мотор ќе му овозможи на авионот Су-57 во крстосувањето да развие хиперсонична брзина, што значи дека константно ќе може да чета со 2.000 километри на час.

Композитните материјали од кои е направен трупот исто така ќе му овозможат на ловецот да биде понезабележлив, односно непријателските радари потешко да го детектираат.

Првите осум авиони Су-57 кои се веќе направени „веројатно ќе ги задржат 'старите метални срца'“, вели за „Руска реч на македонски“ Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.

Руското воено воздухопловство дури во 2019 година ќе добие авиони Су-57 целосно опремени со најнова технологија, вклучувајќи ги и „Изделие-30“. Овој мотор по деталното тестирање ќе биде монтиран на Су-57 најрано во 2019 или 2020 година, додава Мураховски.

Втора фаза на тестирањето

За разлика од претходните прототипи, деветтиот прототип на авионот Су-57 е опремен со комплетна радиолекетронска апаратура која ќе ја има заврната верзија на авионот. Ова на рускиот ловец од петтата генерација ќе му овозможи да ги избегне сите современи системи за ПВО, објаснува Мураховски.

Во првата фаза на тестирањето на авионот, Су-57 демонстрираше импресивна контрола во летањето со хиперсонична и подсонична брзина на различни височини.

Сериското производство ќе започне штом заврши втората фаза од тестирањето (тестирање на оружјето). Според Јуриј Сљусар, директор на Обединетата корпорација за производство на авиони, руското воено воздухопловство првите 12 авиони Су-57 ќе ги добие во 2019 година.

Најголема конкуренција на рускиот ловец Су-57 ќе бидат F-22 Raptor и F-35 Lightning.

Вадим Козјулин, професор на Руската воена академија за „Руска реч на македонски“ вели дека Су-57 ќе биде мошне поевтин од соодветните американски модели.

Рускиот ловец од петтата генерација ќе биде пуштен во масовно производство значително подоцна од американскиот авион F-22 Raptor, кој веќе шест години се користи во американското воено воздухопловство. Козјулун верува дека ова задоцнување може да биде само од корист зашто им дава на руските вооружени сили повеќе време да ги оценат најмодерните страни на ловците пред да го завршат својот сопствен модел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња