Бајкалското езеро најатрактивна природна убавина во Русија

Бајкалско езеро

Бајкалско езеро

Shutterstock/Legion-Media
Бајкалското езеро е најпопуларната природна туристичка знаменитост во Русија сместена на листата на светско наследство на УНЕСКО, соопшти аналитичката агенција „ТурСтата“.

Бајкалското езеро е најпопуларната природна туристичка дестинација во Русија сместена на листата на културно наследство на УНЕСКО, соопшти аналитичка агенција „ТурСтата“.

Бајкалското езеро годишно го посетуваат просечно три милиони туристи. Езерото се наоѓа на светското културно наследство на УНЕСКО од 196 година. На второто место се Златните Алтајски планини. Во таа зона со површина од повеќе од 16 илјади квадратни километри влегуваат три делници од Алтајските планини.

На третото место е Западен Кавказ. Овој планински систем го вклучува Националниот парк во Сочи, неколку резервати и споменици на природата во Краснодарскиот крај, Адигеја и Карачаево-Черкесија.

Четвртото место го заземаат вулканите на Камчатка. Територијата под заштита на УНЕСКО опфаќа шест сегменти на истокот, југот и центарот на полуостровот. Тука се наоѓаат околу 30 активни и 300 згаснати вулкани.

На петтото место е најмладиот руски резерват на природата на листата на УНЕСКО – Ленските столбови во Јакутија, комплекс од прекрасни светликави карпи по должината на реката Лена, а во другата половина од десет најатрактивни природни убавини се знаменитостите во Коми, Приморје, на Чукотка, Тува и Краснојарскиот крај.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња