Руски војници на Парадата на Победата.
mil.ruВо текот на изминатите три години, процентот на руски граѓани кои се гордеат со Вооружените сили на земјата порасна 63% на 90%, изјави раководителот на Серускиот центар за испитување на јавното мислење (ВЦИОМ) Валериј Фјодоров за време на тркалезната маса „Војската и воената индустрија – основа на интелектуалното и технолошкото лидерство на Русија", која се одржа во рамките на форумот „Армија-2017“.
Според раководителот на ВЦИОМ, 36% од испитаниците сметаат дека руската армија е најдобра во светот. 47% сметаат дека руската војска е една од најдобрите во светот. Притоа 10% мислат дека руските Вооружени сили „малку заостануваат“ зад најдобрите армии во светот, а 2% одговориле дека борбената способност на руската војска е „многу ниска“, пренесува ТАСС.
14% од испитаниците сметаат дека најважниот настан во поновата историја на земјата е присоединувањето на Крим, 12% го истакнуваат значењето на Олимпијадата во Сочи, а 10% му придава особено значење на развојот на Вооружените сили, соопшти раководителот на Серускиот центар за истражување на јавното мислење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче