Планински реки и водопади покрај Сочи

На патот кон Пшешкиот водопад.

На патот кон Пшешкиот водопад.

kukarta.ru
Сочи е многу убав град си голем број туристички атракции. Но, доколку сакате да посетите нешто поинакви од вообичаените туристички дестинации, Тргнете кон живописните водопади кои се во близина.
Пшешкиот водопад е висок 156 метри и е еден је од највисоките во Русија.
Реката Руфабго се наоѓа на околу 100 километри североисточно од Сочи.
Тесниот, но богат со вода поток е опкружен со високи карпи и со ретка букова шума.
Шум е првиот водопад на патот кон реката Руфабго.
Најголема атракција на патувањето претставува водопадот Срцето на Руфабго.
Исто толку спектакуларен е и водопадот Девичја Коса.
Северозападно од реката Руфабго се наоѓаат Гебиуските водопади на реката Тешебс. Кога ќе стасате тука, не пропуштајте да го посетите и 17 метри високиот водопад Шнурок.
Дивата убавина на Чинарскиот водопад можат да ја откријат само најупорните патници, зашто е многу оддалечен од вообичаената туристичка рута.
Во близина се наоѓа и Универзитетскиот водопад, кој својот назив го има добиено според студентите од Кубањскиот државен универзитет од Краснодар кои биле тука на студентска практика и кои отседнале во блиското село.
Доколку не сте љубител на напорните пешачки маршрути, не очајувајте, зашто тука постојат дестинации поволни и за вас. Секогаш можете да одите до пристапните водопади на клисурата Мамедово, која е оддалечена само 2 километри од автопатот Краснодар – Сочи.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња