Русите спасија бела мечка на која ѝ се заглавила конзерва во устата (ФОТО + ВИДЕО)

Росприроднадзор
Младата мечка, очајнички барајќи помош, отиде кај луѓето во арктичката населба Диксон. Но, не можеше да го совлада стравот и да им пријде поблизу.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
  • Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe

Вистинска спасувачка операција беше спроведена во северниот град на Краснојарскиот крај во Сибир. Во оддалечената населба Диксон на 20 јули дојде поларна мечка со конзерва од кондензирано млеко заглавена во устата. Локалните жители веднаш се обидоа да му помогнат на несреќното животно, но безуспешно.

На снимката што ја објави директорката на Федералната инспекција за користење на природните ресурси мештаните ја повикуваат мечката да им пријде поблизу, но таа не ги разбира.

Инспекторатот побара од ветеринарите од Московската зоолошка градина да ѝ пружат помош на мечката. Пред сé затоа што на Арктикот нема потребни лекови ниту алатки за вакви случаи.

Утрото на 21 јули московските ветеринари пристигнаа во Диксон. Локалните компании подготвија и три вреќи риба, бидејќи животното најверојатно нема да биде во состојба да лови некое време.

Спасувачите ја пронајдоа мечката на 3 километри од аеродромот во Диксон. Ја успија и успешно ја извадија конзервата. Ветеринарот со препарати го третираше јазикот на животното кој беше полн со исеченици.

Се работи за млада женка тешка 80-90 килограми и стара две години, според процената на московскиот ветеринар Михаил Алшинецки. „Јазикот е повреден, но најверојатно ќе се опорави, бидејќи главните мускули не се оштетени, само е повреден површинскиот слој. Сега ќе ѝ дадеме физиолошки раствор, во моментов е под анестезија. Ќе остане доволно долго успана за да ја однесеме до местото каде што ќе ја ослободиме. Потоа ќе ѝ дадеме средство за будење и ќе ѝ биде добро“.

Мечката ја однесоа на околу сто километри од Диксон во нејзиното природно живеалиште и ѝ ги оставија вреќите со риба.

Инаку, мечките се познати сладокусци. На Арктикот белите мечки често доаѓаат во работничките населби и луѓето ги хранат со кондензирано млеко. За жал, се случува мечките да ја изџвакаат конзервата, не сфаќајќи дека можат да се повредат.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња