Колку ги чини руските граѓани да се вакцинираат со странски вакцини во Србија?

Panoramic/Keystone Press Agency/Global Look Press
Русите доаѓаат во Србија за вакцините „Фајзер“, „БиоНТек“, „АстраЗенека“ и „Синофарм“. Најскапата тридневна тура за вакцинација во Србија ќе ги чини руските граѓани околу 695 евра, а најевтината 160 евра по човек.

Најповолниот аранжман за руските туристи започнува од 160 евра по човек. Во цената е пресметано сместување во двокреветна соба со појадок, пријавување за вакцина, придружба до местото на имунизација и назад и медицинско осигурување. Еднокреветната соба е малку поскапа, а цената е 246 евра.

Цената за патување со друг оператор изнесува 580 евра по човек, а вклучува авионски превоз, трансфер, престој во хотел со појадок, осигурување и превоз до местото на вакцинација и назад.

Трет туроператор нуди тури за вакцинација во Србија по цена од 695 евра по човек. Во цената влегува авионски билет, трансфер, сместување во хотел со четири или пет ѕвезди, појадок, а на располагање е и асистент кој зборува руски во текот на вакцинацијата. Платени се и сите такси и давачки, како и медицинското осигурување.

Како што се истакнува, вакцинацијата за српските државјани и странци во Република Србија со препаратите „Фајзер“, „БиоНТек“, „АстраЗенека“ и „Синофарм“ е бесплатна. Предноста на таквата понуда се безвизниот режим при влез во земјата за руските државјани и непречениот авионски сообраќај.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња