Во Серпухово е фатен жителот на Воведенскиот женски манастир, папагалот Ромка, пишуваат руските медиуми.
Во сестринството папагалот помина четири години. За тоа време научи да се моли и поздравува. Во неговиот вокабулар се наоѓаат изразите „Спаси, Господи“ и за секој случај „Господи, помилуј“. Монахињите велат дека е многу друштвен, сака да разговара со луѓето, но и со својот одраз во огледалото.
Ромка го напушти манастирот кога една од монахињите излегла на улица, заборавајќи дека папагалот ѝ стои на рамо. Избеганиот папагал го бараа во целиот манастир, а неговото исчезнување беше објавено и на социјалните мрежи, со ветена награда за оној што ќе го пронајде.
Меѓутоа, папагалот сам се врати во својата обител. Монахињите го забележаа на дрво и успеале да го намамат на посни колачи. Настојничката на манастирот им препорача на монахињите да водат сметка за рамењата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче