Подранетото будење на овие крупни глодари е предизвикано од необично топлото време. Меѓутоа, стручњаците беа подготвени за тоа, затоа што снегот во нивниот заграден простор почна да се топи уште на почетокот на февруари.
Како што истакнуваат вработените во зоолошката градина, засега од зимското засолниште излегол само мажјакот. По будењето тој е претпазлив, ја обиколува својата територија, ја обележува, забрзано ги чисти ходниците. Иако ги преспа последните 5 месеци, не брза веднаш да јаде. А за почеток добива само свежа салата и зеленчук, ништо калорично. Имено, на системот за варење му е потребно време повторно да профункционира.
Неговите две другарки, женките Сара и Нагајна, засега не излегуваат на површината. Тие обично се појавуваат недела или две по будењето на мажјакот.
Како што објаснуваат од зоолошката градина, по мрмотот ќе се разбудат скокачките глувци, кои повеќе од четири месеци поминаа во специјални студени простории. По нив се очекува будењето на кафената мечка Роза и хималајските мечки Будур и Аладин.
Од 1 март Московската зоолошка градина поминува на пролетен режим на работа - од 9:00 до 18:00 часот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче