Русите измислија нов олимписки спорт?! Одржан турнир во плескање по женски задник (ВИДЕО)

Скриншот
Натпреварувачките беа поделени во два пара, а нивната задача беше да една со друга да се плеснат по пет пати, колку што може посилно и поефикасно, по мускулите на задникот. Според правилата, противничката треба да се шлапне толку силно за таа да направи чекор напред. Брат, тоа мора да се види!

Во Омск се одржа натпревар во плескање женски задник на кој победи професионалната танчарка на шипка Елена Мишагина. Токму оваа:

За победа и награда од пет илјади рубли се натпреваруваа вкупно четири девојки, иако на почетокот имаше пријавено многу повеќе, но девојките поради различни причини се откажаа. Натпреварувачките беа поделени во два пара, а нивната задача беше да една со друга да се плеснат по пет пати, колку што може посилно и поефикасно, по мускулите на задникот. Според правилата, противничката треба да се шлапне толку силно за таа да направи чекор напред. Брат, тоа мора да се види! Победничките влегоа во финалето, а другите две девојки се натпреваруваа за третото место.

Брат, тоа мора да се види!

„Првите натпревари од ваков вид се одржаа во Москва. На публиката од главниот град тоа ѝ се допадна, па сакавме да се обидеме да организираме сличен турнир и кај нас. Не се плашиме од ризици и нови идеи. Досега во Омск немаше ништо слично, бидејќи се смета за вулгарно. Меѓутоа, јас мислам дека треба да излеземе од рамките на пауерлифтингот (главното натпреварување) и да организираме уште нешто интересно што ќе го привлече вниманието на публиката“, објасни организаторот на натпреварот Евгениј Курочкин.

Според пропозициите, право на учество на натпреварот имаат девојки до 65 килограми.

„Помали, беспрекорни, за да може да изгледа поефектно. Сите натпреварувачки максимално работат на своите задници“, забележа организаторот на турнирот, пренесуваат руските медиуми.

Критериумите за победа беа одекот и силината на ударот. Притоа, натпреварувачката што противничката ќе ја шлапне по задникот не смее да се помести. Победничката се избира според овациите на публиката.

А еве го и натпреварот во Москва одржан во јуни оваа година:

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња