Претседателот на Русија Владимир Путин го посети Музејот на природата и човекот во Ханти-Мансијск и притоа од вработените доби подарок ловечки појас и ја слушна легендата на локалното население за создавањето на светот.
Поетесата, раскажувач и чувар на традицијата Марија Волдина му отпеа на претседателот на руската држава една песна и му подари кожен ловечки ремен, пренесуваат руските медиуми. Ременот е украсен со коскени и метални плочки и има зашиено амајлии на ловците од тој крај кои чуваат од лоши духови и несреќи.
Меѓу бројните подароци кои шефот на руската држава ги доби се издвојува оној од Омск од август оваа година, мини гравура со ликовите на 18 цареви од династијата Романов, а неодамна на форумот Валдај Путин се пожали во шеговит тон дека обезбедувањето понекогаш му ги одзема подароците, пишува порталот „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче