Основата на јадењето се состои од свински ребра маринирани во квас, солена вода или пиво, што го прави месото помеко и повкусно.
Верешчака во времето на стара Русија било име за речиси секое јадење подготвено во тава, кое притоа давало специфичен звук: црцорење на храна што се пржи во масло. На некои места луѓето ги нарекувале пржените јајца верешчака, додека во други краишта овој збор се однесувал на пржен компир.
Руските етнографи го опишуваат јадењето како сланина пржена во масло и зачинета со кромид и густ сос. Многу извори укажуваат на тоа дека верешчаката била многу популарно јадење во западните делови на Русија.
Во Смоленската област (на границата со Белорусија), ова јадење се подготвувало од свинско ребра маринирани во квас (благ алкохолен пијалок направен од ферментиран 'ржан леб, квасец или бобинки), пиво или солена вода. По готвењето, јадењето се сервирало со варена зелка во која се додавале каранфилче и ким.
Во смоленската верзија на верешчака, која содржи и месо и зеленчук, хармонично се комбинираат пржените, варените и динстаните состојки. За Русите тоа не било обично јадење. Во просечните семејства се подготвувало за свечени прилики, како што се празници или парастоси. Се изнесувала на трпеза на големи семејни собири.
Свински ребра - 1 кг
Крупен кромид – 2 пар.
Сирова сланина - 100-150 г
Леб - 100 г
Пиво или квас - 3 чаши
Сол, бибер
Ловоров лист, кумин, зачини по вкус
Зелка - 1 кг
1. Сировата сланина исечкајте ја на парчиња и ставете ја во врела тава.
2. Свинските ребра исечкајте ги на парчиња со средна големина, посолете ги и ставете ги во тавата. Продолжете со пржење уште 15-20 минути.
3. Потоа ребрата и сланината префрлете ги во голема шерпа со дебело дно. Загрејте на средна температура и продолжете со пржење.
4. Исечкајте го кромидот додајте го во шерпата.
5. Додајте три чаши пиво или квас во шерпата, добро промешајте и оставете да се динста 30 минути.
6. Изронете го лебот и додајте го на месото. Оставете да се динста уште 10 минути.
7. Додека месото се динста, направете гарнир. Исечкајте ја зелката на крупни парчиња.
8. Ставете ја зелката во плех, зачинете ја со сол, бибер и кумин и печете во рерна 20 минути.
9. Смоленската верешчака е подготвена. Уживајте во јадењето со семејството и пријателите!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче