Веста за убиството го шокираше целиот свет, вклучително и Советскиот Сојуз. Никита Хрушчов, првиот секретар на Централниот комитет на КПСС, го разбуди исплашен помошник: „Кенеди е убиен!“ Според некои сведоштва, првото нешто што генералниот секретар го прашал било: „А имаме ли ние врска со тоа?“
Ли Харви Освалд во друштво на колеги од фабриката во Минск каде што работеше.
Getty ImagesКако што се покажа, главниот осомничен – Ли Харви Освалд – имаше врски со СССР: две години претходно живееше во Советскиот Сојуз, па дури и неуспешно се обиде да добие советско државјанство. Затоа веста за убиството ги вознемири дури и КГБ, каде што сметаа дека тоа може да стане проблем.
За време на Кенеди, СССР и САД само што почнаа да го надминуваат долгиот период на Студената војна. Но, што би се случило со односите меѓу двете земји ако се покаже дека СССР е вмешан во убиството? Кремљ исто така беше загрижен дека некој неодговорен генерал во отсуство на лидерот може да изврши ракетен напад врз СССР.
Младиот американски претседател со пријатен изглед успеа да ја стекне наклонетоста дури и на советските власти. Неговата фотографија беше објавувана на насловните страници. Обидувајќи се да се ослободат од напади однадвор, советските служби лансираа гласини за поврзаноста на ЦИА со убиството на Кенеди. Кремљ дури изнесе претпоставка дека се работи за заговор на ултрадесничарските сили кои беа незадоволни од подобрувањето на односите со СССР.
А сепак ниту една истрага не пронајде убедливи докази за вмешаност на Советите во убиството на Кенеди.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче