„Последните моменти од животот на Лажниот Дмитриј I“, Карл Богданович Вениг
Public domainСè започнало во малиот град Углич, кој денес често се наведува како место каде што започнало „Сматното време“.
По смртта на Иван Грозни на крајот на 16 век, со земјата владеел неговиот син Фјодор, кој немал потомци. Се зборувало дека Фјодор не бил способен да владее самостојно, па затоа за многу политички прашања бил задолжен неговиот советник Борис Годунов.
„Принцот Дмитриј“, М. Нестеров, 1899.
Руски музејЕдинствениот преостанат наследник на династијата Рјуриковичи бил младиот принц Дмитриј, кој бил протеран во Углич со својата мајка и нејзиното моќно семејство. Таму принцот ненадејно починал во 1591 година, и тоа на мистериозен начин - од убод во вратот. Имал само осум години. Околностите за неговата смрт не се разјаснети. Според официјалната верзија, која ја потврдиле сведоците на тој настан, принцот имал епилептичен напад додека играл „свајка“, популарна народна игра во која на земја се фрла нож или остар клин и во таа прилика се здобил со смртоносна повреда.
Меѓутоа, меѓу народот веднаш се раширила друга верзија - дека Борис Годунов го организирал убиството на принцот Дмитриј за да ја грабне целата власт во земјата.
„Во Сматното време“, Сергеј Васиљевич Иванов (1864–1910).
Public domainВеројатно „Лажниот Димитриј“ немало да биде толку успешен доколку тогашните политички околности во Русија не биле толку сложени. Елитата од тоа време, т.е. болјарите од благороднички семејства, меѓусебно се натпреварувале за власт уште од доаѓањето на царот Фјодор на престолот. Нивните конфликти станале уште посилни по смртта на Фјодор во 1598 година. Истата година Земскиот собор (собрание на благородништвото и феудалците) го избрало за нов цар Борис Годунов, бидејќи многумина го поддржувале.
Владеењето на Годунов донело успех во надворешната политика, но земјата се соочила со длабока економска и социјална криза. Следел голем глад 1601-1603 година кој што побожниот руски народ го сметал за божја казна за гревовите на новиот (и, како што се сметало, нелегитимен) цар, бидејќи тој не бил помазаник Божји како сите други цареви, туку бил избран од страна на „обични смртници“.
Значи, во тоа турбулентно време се појавил принц, легитимен престолонаследник кој за чудо останал жив и сега сака да ја спаси земјата... Токму тоа го посакувале сите. Гласините дека принцот Дмитриј е всушност жив, но скриен од оние кои сакале да го убијат, се појавиле уште пред да се појави „лажниот Дмитриј“.
Лажниот Дмитриј I во филмот „Борис Годунов“ од 1986 година. Во улогата на Лажниот Дмитриј е актерот Александар Соловјов.
Сергеј Бондарчук/„Мосфильм“, 1986.Историчарите оттогаш веќе неколку векови изнесуваат различни теории за идентитетот на човекот кој се претставувал како принцот Дмитриј. Некои верувале дека тоа навистина бил Дмитриј, а други мислеле дека е вонбрачно дете на полскиот крал Стефан Батори.
Меѓутоа, една од најпознатите е верзијата што Пушкин ја обработи во драмата „Борис Годунов“, според која „лажниот Дмитриј“ бил монах по име Григориј Отрепјев од Чудовиот манастир во Москва. Тој бил со литванско потекло и пред да стане монах служел кај еден член на семејството Романови (токму тоа семејство подоцна ќе стане владејачката династија Романови). А бидејќи Борис Годунов ги прогонувал Романови за да не му работат зад грб и да му ја узурпираат власта, Отрепјев решил да се скрие во манастирот. А Чудовиот манастир бил третиран како престижна обител, па таму му служеле на Бога претежно луѓе од благородничко потекло.
Не чувствувајќи дека е навистина безбеден во Москва во близина на Борис Годунов, Отрепјев бега во Киев, а потоа во Полска (во тоа време дел од Полско-литванската државна заедница).
„Дмитриј Самозванецот кај Вишневецки“, Николај Неврев.
Public domainВо 1603 година полскиот благородник Адам Вишневецки „дознал“ дека неговиот нов војник е всушност преживеаниот принц Дмитриј. Не се знае дали некој друг му го кажал тоа или лично „лажниот Дмитриј“.
„Лажниот Дмитриј I му се заколнува на Сигизмунд III дека ќе го воведе католицизмот во Русија“.
Саратовски музеј на уметноста „А. Н. Радишчев“Вишневецки го запознава младичот со полскиот крал Сигмунд III Васа, кој подоцна ги „признал“ претензиите на „лажниот Дмитриј“ на рускиот престол и му ја понудил својата помош, но под услов во случај на успех, Полска да ги добие како подарок западните руски земји.
„Влегувањето на војската на Лажниот Дмитриј во Москва 20 јуни 1605“, 1890-тите.
Public domain„Лажниот Дмитриј“ ветил дека ќе се ожени со Марина Мнишек, ќерка на воен командант (нивната љубов и нејзината улога во „смутното време“ е исто така популарна тема во руската култура). Со поддршка на војска од полски платеници и козаци, „лажниот Дмитриј“ влегол во Русија. Неколку градови му се предале без борба, а од многу битки излегол како победник.
Царот Борис Годунов умрел токму во времето кога царската војска се борела против трупите на „лажниот Дмитриј“. Се покажало дека многу луѓе веќе го поддржувале Димитриј, а по смртта на Годунов, дури и приврзаниците на царот застанале на страната на Дмитриј, убивајќи го наследникот на Годунов и неговото семејство.
„Последните моменти од животот на Лажниот Дмитриј I“, Карл Богданович Вениг
Public domainТака, во 1605 година, „Лажниот Дмитриј“ влегол во Московскиот кремљ со празничните одгласи на црковните ѕвона. Набрзо бил крунисан за руски цар, а потоа се оженил со Марина Мнишек, која како царева сопруга исто така била крунисана.
„Лажниот Дмитриј“ владеел со Русија помалку од една година. Додека низ Москва се ширеле гласини за неговото потекло, неговата мајка, која претходно го поддржувала, конечно признала дека е самозванец. Тогаш болјарот Василиј Шујски организирал заговор во кој „лажниот Дмитриј“ бил убиен.
„Убиството на лажниот Дмитриј“, Константин Егорович Маковски (1839–1915).
Public domainНеговото мртво тело било возено низ цела Москва со потсмев и пцости. Некои московјани биле зачудени и плачеле затоа што го прифатиле за цар и верувале во него.
За нов руски цар бил прогласен Василиј Шујски.
Сматното време не завршило со убиството на „лажниот Дмитриј“. Веќе во 1607 година се појавила нов самозванец. Тој се претставил како руски цар кој за чудо преживеал атентат во Москва. Неговиот вистински идентитет е уште повеќе обвиен со превезот на тајната. Можно е противниците на Шујски да стоеле зад него.
Него го поддржувале и полскиот крал и Марина Мнишек, која го „признала“ за свој сопруг. „Лажниот Дмитриј“ и неговата војска заземал град по град и на крајот ја презел контролата врз огромен дел од руската држава. Тој изградил и огромен логор и дрвен замок во близина на Москва, во селото Тушино (затоа „лажниот Дмитриј II“ често се нарекува „тушинскиот бунтовник“).
Меѓутоа, сите негови обиди да ја заземе Москва биле неуспешни. Убиен е во 1610 година додека бил на лов.
Имаше уште неколку самозванци кои се претставувале како „Дмитриј“ и се обидувале да се дограбат до власта и да организираат буни. „Лажните Дмитриј III“ и „IV“ стапиле во политичката арена 1611-1612 година, но ниту еден од нив не постигнал сериозен успех. Покрај тоа, имаше самопрогласени луѓе кои се претставувале како некои други луѓе, на пр. како син на царот Фјодор (кој не постоел).
„Сматното време“ продолжило и Русија веќе била на прагот на Руско-полската војна кога во 1613 година на престолот стапнал новиот цар - Михаил Романов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче