Каква држава, таков крал: Како руски авантурист го презеде престолот на Андора

Скосирев го пишува Уставот на Андора

Скосирев го пишува Уставот на Андора

Национален архив на Андора, јавен домен
Малечката Андора во целата своја историја имаше само еден крал, и тоа беше руски измамник!

Борис Скосирев по револуцијата во 1917 година ја напушти Русија и помина две години во британската армија. Потоа патуваше низ Европа, мамеше луѓе, крадеше и истовремено работеше за британското разузнавање. Живееше на сметка на љубовниците и ја следеше политичката ситуација во Европа.

Во тоа време, џуџестото кнежевство Андора ја тресеа немири, народот беше незадоволен од управувањето на шпанскиот епископ од Уржел, кој ги ограничи гласачките права.

Скосирев понуди модернизација на Андора, укинување на даноците, привлекување странски капитал, отворање банки и казина, развој на туризмот и спортот. Сите тие предлози ѝ се допаднаа на локалната самоуправа на Андора, Советот на долините, и таа го прогласи Скосирев за крал Борис I.  

Епископот од Уржел беше револтиран од одлуката да се отвори казино во Андора и жестоко го критикуваше Скосирев во печатот. Каталонската гарда набрзо го уапси Скосирев за претходно прекршување на миграциските закони и кралот беше протеран.

Мора да се каже дека залагањата на Скосирев беа пред нивното време. По Втората светска војна Андора стана земја со туризам како најголем извор на приход, банки на кои им обезбеди значителни даночни олеснувања и доверливост, рекордер со една од најниските даночни стапки во Европа.

Прочитајте повеќе: Десет дена на кралски трон: Како еден руски авантурист стана европски монарх

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња