Петар Велики го презеде тронот во 1689 година и веднаш почна да ја трансформира секоја сфера на животот во Русија.
Петар Велики
Maria Giovanna Clementi, XVIII век / Christie's / Јавен доменВоведе некои од најсеопфатните и најпрогресивни реформи кои драстично го променија животот во Русија. Пред сé, од земјата направи влијателна европска сила.
Петар Велики воведе модерен систем на законодавство, ја модернизираше руската војска и ја основаше руската флота. Водеше успешна војна против Шведска и ја прогласи Русија за империја. Во меѓувреме, го основа Санкт Петербург, град кој со децении служеше како руска престолнина и го отвори патот за Русија кон самата Европа.
Кликнете овдеза да прочитате повеќе за тоа што беше толку големо за достигнувањата на Петар Велики.
Оваа поранешна германска принцеза беше, веројатно, најпознатата жена што владеела со Русија.
Екатерина Велика
Дмитриј Левицки, 1793 / Третјаковска галерија, Јавен доменКако и Петар Велики, и Екатерина водеше неколку успешни војни во странство. Го припои Крим, како и други клучни копнени територии во состав на Руската империја.
Ги промовираше образованието и културата. Ја состави збирката уметнички дела која го формираше почетокот на Ермитаж, покани голем број важни европски архитекти да работат во Русија и направи систем на училишта, вклучувајќи го и Институтот „Смолни“, првото место за високо образование за жените во Русија.
Николај I го создаде рускиот железнички систем. Под негова власт е изградена првата руска патничка железница која го поврзува Санкт Петербург со Москва.
Николај I
Непознат уметник, 1840-1850 / Јавен доменВажно е дека Николај I ја дефинираше и ширината на руските шини и ги направи малку пошироки од пропишаниот европски стандард за да го спречи потенцијалниот европски непријател да ги користи руските железници за брзо транспортирање на својата војска на руско копно.
Оваа одлука, сепак, имаше долготрајни последици. Дури и денес, возовите мораат да го сменат меѓуоскиното растојание на руската граница за да продолжат до својата дестинација.
Изградбата на железници низ Русија помогна да се поврзат различни делови на огромната земја и ја зајакна нејзината индустриска и економска моќ.
Царот ги постави и темелите за укинување на крепосништвото во Русија, кое беше завршено дури по неговата смрт.
Кликнете овдеза да дознаете повеќе за владеењето на Николај I.
Пред Руската револуција да го донесе на власт, Ленин се издигна од прогонет дисидент до водач на Болшевичката партија.
Ленин
Hulton Archive/Getty ImagesЈа искористи Болшевичката партија за да ја запали Октомвриската револуција во 1917 година, со која заврши ерата на Руското царство и започна новата советска ера, со Ленин на чело.
Откако СССР беше официјално воспоставен во 1922 година, Ленин дојде на чело на неговата влада. Револуцијата и наредните години беа нарушени со таканаречениот „црвен терор“: репресија против дисидентите, физичка ликвидација на „класните непријатели“ како што се буржоазијата, богатите трговци, благородниците, егзекуции и концентрациони логори.
Во исто време идеите на руската револуција целосно ја променија руската историја, трансформирајќи ја земјата од царство што се бори во модерна суперсила која подоцна ќе се натпреварува со САД за светска доминација.
Убедливо една од најконтроверзните личности на оваа листа, Михаил Горбачов често е заслужен (или обвинуван) за распадот на СССР.
Михаил Горбачов
Valdi/ullstein bild via Getty ImagesПо добивањето политичка власт во март 1985 година, Горбачов иницираше важни политички реформи кои станаа познати како Гласност и Перестројка. Го укина еднопартискиот систем во СССР, воведе избори и го прекина прогонот на политичките неистомисленици во СССР. За прв пат по многу децении, Комунистичката партија стана предмет на јавна критика. Елементот на одговорност беше воведен во политичкиот систем на земја која знаеше малку за тоа во поголемиот дел од својата историја.
Меѓутоа, со сето тоа, Горбачов ги поттикна процесите кои беа катализатори на распадот на СССР, отворајќи ново поглавје во руската историја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче