Откако ја воспоставиле својата власт и откако закрепнаа од Граѓанската војна на тапет на болшевиците се најдоа обновата и одржувањето во живот на стопанството на новата земја зафатена од глад, сиромаштија и разорување. Во втората половина од дваесеттите години од минатиот век започнаа големите „сталински распродажби“ на уметничките вредности на Руската Империја на Запад. Царски круни, дијаманти, јајца Фаберже, икони и слики на стари мајстори и импресионисти од руските музеи, вклучувајќи го и Ермитаж, се продаваа на американските и на европските милионери, буквално на големо.
Венчална императорска круна, деведесетти години од деветнаесеттиот век
Музеј Hillwood во ВашингтонМеѓутоа, благодарение на трудот на музејските работници многу скапоцености беа спасени и зачувани. Меѓу споменатите ентузијасти беше и Дмитриј Иванов, директор на Оружејната плата, еден од музеите на Московскиот Кремљ.
Вработени стручњаци во Горхан вршат атестирање
Государственный архив кинофотодокументов, г. Красногорск/russiainphoto.ruИмператорски регалии, накит и други вредни предмети на царското семејство беа евакуирани од Петербург во Кремљ уште на почетокот на Првата светска војна поради опасноста од германски напад на тогашната престолнина на империјата.
По револуцијата од 1917 година во Народниот комесаријат за просвета беше формирано музејско одделение, а во негов состав и сектор за заштита на уметничките и историски споменици. Соработникот на одделението Дмитриј Иванов бил испратен во Кремљ за да го заштити царскиот имот од непланско користење.
Иванов потекнуваше од благородничко семејство, израснат во опкружување на уметнички предмети и старини. Класично образование има стекнато уште во царска Русија. Завршил на Московскиот универзитет, станал правник и се вработил во Министерството за правда. Сепак, повеќе од сè, го интересирало зачувувањето на културните добра. Четириесет години пред основањето на УНЕСКО Иванов ја повикал светската јавност да усвои меѓународен закон за заштита на уметничките дела. Културните добра кои исчезнуваа во текот на војните и на револуциите ширум светот ги сметал за загуба што не може да се надополни.
Дмитриј Иванов
Музеј на Московскиот КремљПо револуцијата тој одлучил да остане во Русија и инсистирал да се вработи во Народниот комесаријат за просвета за да работи на заштита на уметничките и историски споменици.
Болшевиците им забраниле на приватните лица од земјата да изнесуваат скапоцености и ги национализирале. Покрај тоа ширум земјата собрале огромен број уметнички и црковни предмети, скапоцени метали и скапоцени камења. Указот за основање на Државен трезор за скапоцености (Гохран) е донесен во 1920 година. Ресорот се занимаваше со централизација за чување и за евиденција на национализираното богатство. Целта беше во странство да се продаде што повеќе со цел да се организира стопанска дејност во земјата.
Вработени во Гохран со царски реликвии
Гохран на РусијаВо 1922 година Дмитриј Иванов е поставен на чело на Оржејната палата, специфичен музеј-ризница на Кремљ. Тој издејствува вработените во палатата да можат да извршуваат експертиза на скапоцените предмети што ги чуваше Гохран.
Оружејната палата на Московскиот Кремљ
Музеј на Московскиот Кремљ„Цели денови минувавме исклучително брзо раздвојувајќи, дневно често и по неколку стотини предмети од најразличен квалитет, од оние што немаат аналог во светот па сè до најмалите, одредувајќи ја нивната судбина и значењето за само неколку моменти“, пишува тој во извештајот.
Крунски регалии на руските цареви од збирката на Музејот на Московскиот Кремљ
Музеј на Московскиот КремљБлагодарение на Иванов во земјата останаа скапоценостите на Руската Империја, кои подоцна беа сместени во посебни оддели на музејот, Дијамантскиот фонд. Тој успеа да зачува и илјадници реликвии на руската црква и во поставката на Оружејната палата оформи црковен сегмент, а понекогаш дури и ги извлекуваше од топилниците.
Дијамантот „Орлов“ од збирката на Московскиот Кремљ
Гохран на РусијаВо 1924 година Иванов беше уапсен по лажно обвинение за музејски контрареволуционери, но за неговото ослободување се погрижи Наталија Седова, шеф на музејското одделение и сопруга на семоќниот Лев Троцки. Меѓутоа, наскоро и Троцки и таа морале да избегаат.
Државната политика во областа на уметноста беше следена со незамисливо уништување на спомениците и црквите на Кремљ, а Иванов од стрес доби мозочен удар. Тој се повлече од местото директор на Оружејната палата, но ја задржа позицијата научен соработник и со сите сили настојуваше да застане на патот на продажба на антиквитетите.
Меѓутоа, по извршените кадровски „чистки“ на контрареволуционерните елементи во установите од културата, болшевиците повторно се свртеа кон поддршка на стопанството за сметка на царските ризници. Гохран овој пат доби налог во Оружејната палата да најде „немузејски“ предмети во вредност од 30 милиони рубли за продажба во странство.
Странски гостин на Гохран ја проба круната на руските императори, додека во рацете држи симбол на царската власт, жезло и сфера Државен архив на филмска и фотографска документација во Красногорск/russiainphoto.ru
Државен архив на филмска и фотографска документација во Красногорск/russiainphoto.ru„Не крадев, ниту продавав, нити криев скапоцени предмети од палатата, но хаос во документацијата имаше, имаше многу пропусти и грешки“, пишува во една белешка пронајдена кај Дмитриј Иванов по неговата мистериозна смрт во 1930 година. Врз основа на очајничкиот тон може да се заклучи дека Иванов се самоубил поради ужасните постапки на власта.
„Владимирска Богородица“, 18 век.
Од ризниците на Московскиот Кремљ/Борис Кавашкин/ТАССЕден ден по смртта на Иванов потпишан е указ за конфискација на сто предмети од француско сребро, вклучувајќи ги и оние кои своевремено тој успеал да ги спаси. Во јуни 1930 година Гохран конфискуваше над 300 антикварни предмети и 11 велигденски јајца Фаберже.
Велигденските јајца Фаберже „Мозаик“ и „Корпа полско цвеќе“ се продадени во триесеттите години од минатиот век на британското кралско семејство
Колекција на кралицата Елизабета ВтораИ следните пет години болшевиците запленувале и продавале вреден имот од Оружејната палата. Сепак, голем дел од тоа богатство, како и Дијамантскиот фонд и скапоценостите што Иванов успеал да ги зачува, денес претставуваат културно наследство на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче