Историската област во југоисточна Европа под назив Бесарабија од 19 век била дел од Руската империја. По револуцијата од 1917 година прогласи независност по називот Молдавска Демократска Република, а потоа се приклучи на соседната Романија. Советите се налутија, тврдејќи дека Романија незаконски ја има окупирано оваа територија. Се наѕираше воен конфликт, но Романија доброволно се откажа од оваа област, така што во 1940 година целата Бесарабија се приклучи на СССР и се формираше Молдавската Советска Социјалистичка република.
Војници на Црвената армија и деца на воената парада посветена на приклучувањето на Бесарабија и Северна Буковина на СССР. Кишинев, 4 јули 1940 година.
Александар Грибовски, Дмитриј Чернов/TASSПарада во Кишинев по повод приклучувањето кон СССР, 1940 година.
Д. Чернов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruСо оглед на тоа што релативно подоцна се приклучи кон СССР, Молдавија според начинот на живеењето на граѓаните на почетокот се разликуваше од останатите делови на земјата. Имаше ресторани, улични свирачи и специфична архитектура. Сето тоа не личеше многу на типичниот советски амбиент.
Ресторанот „Бесарабија Нова“ во Кишинев, 1940 година
Георгиј Петрусов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruЧајџилница „Париз“, 1940 година.
Георгиј Петрусов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruВерглаш со папагал на панаѓур во Черновици, 1940 година.
Георгиј Петрусов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruИмотот на спахијата Штајнер, 1940 година.
Георгиј Петрусов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruЗградат на банката во Черновици, 1940 година (дене Черновци, територија на Украина).
Георгиј Петрусов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruНевработен жител на Кишинев, 1940 година.
Георгиј Петрусов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruСелска свадба, оркестар, 1940 година.
Георгиј Петрусов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruСелска свадба. Гозба во куќа, 1940 година.
Георгиј Петрусов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruМолдавија во 1940 година ја напушти Романија и му се приклучи на СССР, а веќе во јуни 1941 година започна Големата татковинска војна. Романија беше на страната на Хитлеровата Германија, па ја окупираше Молдавија. Романските власти ги цедеа од Молдавија сите животни сокови, користејќи го сиот нејзин индустриски потенцијал за потребите на фронтот, додека селаните беа принудени да предадат речиси сè што имаа – житото, стоката и намирниците. Десетици илјади жители на Молдавија беа одведени од страна на Романците во Германија како бесплатна работна сила. И на окупираната територија ги принудуваа да работат бесплатно – да ги поправаат патиштата и инфраструктурните објекти кои беа оштетени во текот на војната. Освен тоа во Бесарабија историски имаше многу Евреи и Роми. Романците масовно ги убиваа во концентрационите логори и во гетата. Советските единици ја ослободија Молдавија во 1944 година.
Романци ги водат на зборно место партизаните од еврејска националност и членовите на нивните семејства.
Германски федерален архивРучек во кишиневско гето.
Германски федерален архивПодигање на Знамето на Победата над ослободениот Кишинев, 1944 година.
TASSПовоената ситуација во Молдавија беше многу тешка. Републиката беше разорена поради отсуството од лекови и лекари, започнаа епидемии, невработеноста беше мошне висока, настапи глад. Советската власт издвои импресивна сума за обновување на индустријата и на земјоделството и испрати неопходна опрема и суровини.
Водечка гранка на молдавската индустрија беше производството на вино. Молдавското вино беше познато и ценето во целиот Советски Сојуз. Благодарение на топлата клима, тука во големи количества се одгледуваше овошје и зеленчук, а исто така и сончоглед, шеќерна репа, тутун и други индустриски билки.
На реката Днестар во текот на педесеттите години од минатиот век беше изградена моќната Дубосарска хидроелектрана, беше започнато производство на конфекција и на фрижидери.
Берба на грозје во молдавско село, 1982 година.
Ј. Лизунов/SputnikДомати во Тирапољската фабрика за конзерви „1 мај“, 1953 година.
Јаков Рјумкин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruПчеларот Антон Лупулчук од колхозот (колективно стопанство) „Мајак“ во Дондушјанскиот реон. Молдавска ССР, 1975 година.
И. Кибзиј/SputnikШивачницата „40 години Комсомол (Сесојузен ленински комунистички сојуз на младината)“, 1964 година.
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruКишиневска фабрика за фрижидери, 1970 година.
Ефим Драјшнер/TASSДубосарска хидроелектрана, 1980 година.
В. Седачов/SputnikМирнодопскиот период им го донесе на жителите на Молдавија вообичаеното советско секојдневие – првомајските демонстрации посветени нa Денот на трудот, пионерските свечености и, секако, семејните празници.
Прослава на Денот на Победата на Плоштадот на Победата во Кишинев, 1976 година.
И. Кибзиј/SputnikНа демонстрација во Тираспољ, 1964 година.
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruМолдавската пејачка Ољга Сорокина со пријателите во својот стан во Кишинев, 1968 година.
Александар Макаров/SputnikСпоменик на ослободителите на Кишинев, 1974 година.
Игор Виноградов/SputnikКишинев, зградата на Молдавскиот државен музичко-драмски театар „А.С. Пушкин“ на Ленинскиот проспект во текот на шеесеттите години од минатиот век.
Ефим Драјшнер/TASSЗградата на Академијата на науките на Молдавската ССР во Кишинев, 1966 година.
Ефим Драјшнер/TASSЖелезничката станица и плоштадот во Кишинев, 1967 година.
Наум Грановски/TASSКиното „Москва“ во Кишинев, 1968 година.
Ефим Драјшнер/TASSРесторанот и хотел „Интурист“ во изградба на Ленинската авенија во Кишинев, 1974 година.
Борис Кавашкин/SputnikБиблиотеката во Тираспољ, 1964 година.
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru/SputnikЗградата на Централниот телеграф во Кишинев, 1972 година.
Борис Круцко/SputnikРаботници од шивачница на викенд во природа, 1975 година.
Едуард Етингер/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruЗградата на главната пошта во Кишинев, 1972 година.
Б. Круцко/SputnikДеца си играат забар во градинка, 1985 година.
Георгиј Розов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruНа демонстрација во Тираспољ, 1964 година.
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruПоголемиот дел од жителите биле Молдавци, Украинци и Руси. Постоела и голема заедница на Гагаузи, турански народ кои тука се населил од дамнина , имаше и многу Евреи, Бугари и Роми. Луѓето од целиот СССР тежнееја да се преселат во топлата Молдавија или да заминат таму на сезонска работа. Доаѓаа и многу туристи.
Жена-електрозаварувач, педесеттите години од минатиот век.
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruОвчари, 1989 година.
И. Зенин/SputnikМолдавската металуршка фабрика во Рибница. Галина Фролова, постар контролор на топилницата, 1987 година.
И. Зенин/SputnikМолдавска ССР. Последното ѕвонче во училиштето во село Бердар во Котовскиот реон, 1986 година.
И. Зенин/SputnikМолдавска ССР. Предачка од селото Бутучени во близина на градот Стари Археј (15 век), 1985 година.
Александар Грашченков/SputnikЧленови на културно-уметничкото друштво „Молдаванскаја“, 1975 година.
Борис Кавашкин/SputnikРаботничката на колхозот „Ленинов завет“ Оља Григоренко на сончогледово поле, 1966 година. Фред Гинберг
Фред Гинберг/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче