„За неколку дена почнуваме со испорака на гас преку морскиот гасовод „Турски тек“, а пред нас е и завршетокот на изградбата на „Северен тек 2“, рече Милер, пренесува РИА „Новости“.
Тој додаде дека „новите поморски магистрали ќе ја зголемат енергетската безбедност на европскиот регион и ќе ѝ помогнат на Европа да ги постигне еколошките цели“.
„Турски тек“ има две линии. На морската делница секоја има проток од 15,75 милијарди кубни метри. Првата е наменета за турските потрошувачи, а втората за снабдување со гас на земјите од јужна и југоисточна Европа. Церемонијата на свеченото отворање на „Турски тек“ е планирана за 8 јануари во Истанбул со учество на лидерите на двете земји.
Бугарија веќе го најави датумот на пуштање на рускиот гас во Србија преку „Турски тек“. И Унгарија изрази желба да се приклучи на гасоводот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче