Пушкин можел стопати да загине во двобој... бидејќи пиел „жонка“

Russia Beyond (Василиј Тропинин, 1827/Public Domain)
Во XIX век руската „златна младина“ имала обичај да консумира пијалак наречен „жонка“ (руски: „жжёнка“ од глаголот „жечь“ - пали). Сè уште се зборувало дека тоа е „хусарски пијалак“, бидејќи наводно го измислиле хусарите правејќи некои промени во рецептот за пунч. Класичната варијанта на жонката од состојки имала вино, шеќер, рум и шампањ.

Самиот Александар Пушкин бил голем обожавател на жонка. Неговиот пријател Иван Липранди го забележал следниов случај. Во една пригода, кога се собрало друштвото, Пушкин заедно со полковниците Орлов и Алексеев отишле во соба за билјард. Таму решиле да се напијат жонка. Испиле вкупно 3 чинии, и како што можело да се очекува, поетот малку го „фатило“. „Пушкин се расположи и почна (...) да пречи во играта. Орлов му рече дека се однесува како ученик, а Алексеев додаде дека ученикот треба да се научи да биде паметен... Пушкин се оттргна од мене и (...) се заврши со тоа што ги предизвика и двајцата на двобој, а мене ме повика да му бидам секундант“.

Благодарение на посредништвото на Липранди, ситуацијата се смирила. Орлов и Алексеев му се извиниле на Пушкин, па двобојот бил откажан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња