Портрет на А. С. Грибоедов, 1873, уметник Иван Крамској.
Третјаковска галерија / Public DomainВо XVIII и XIX век многу благородници, особено претставниците на аристократијата на главниот град, можеле да пишуваат стихови, да музицираат или да сликаат, бидејќи различните уметнички вештини биле задолжителен дел од аристократското воспитание. Така и Александар Грибоедов станал познат како автор на комедијата во стихови „Од многу ум“, а покрај тоа бил и композитор. Меѓутоа, неговото главно занимање било поврзано со дипломатијата. Грибоедов работел како секретар во Колегиумот за надворешни работи. Бил поканет да учествува во руската мисија во Америка, но го одбил тој повик. Од друга страна, со години служел во руската дипломатска мисија во Персија. Таму трагично го загубил животот кога била ограбена руската амбасада во Техеран. Овде можете да дознаете повеќе за тоа.
Портрет на А. С. Пушкин, 1827, уметник Орест Кипренски.
Третјаковска галерија / Public DomainПушкин го завршил престижното училиште, царскиот лицеј во Царско Село, по што бил испратен да служи во Колегиумот за надворешни работи. Набргу потоа бил испратен во егзил на југот на Русија поради стиховите во кои го критикувал царот. И во егзил официјално бил во државна служба, во канцеларијата на локалниот генерал-губернатор. По враќањето од егзил Пушкин формално се водел како вработен во Москва, но му било дозволено да се занимава со историја и пишување. Во тоа својство собирал материјали за книга за Петар I и го проучувал бунтот на Пугачов. Подоцна царот решил да го врати големиот поет во Петербург. На Пушкин му била доделена титулата дворјанин, иако прилично ниска за неговата возраст и позиција, поради што Александар Сергеевич многу се лутел. Му било криво и што повеќе не можел да работи во архивата, но царската одлука не можела да се поништи.
Портрет на М. Ј. Лермонтов, 1873, уметник Петар Заболотски.
Третјаковска галерија / Public DomainНајголемиот поет на рускиот романтизам служел во хусарскиот полк на царевата лична телесна стража и на портретите е прикажан во хусарска униформа. Поради поемата „Смртта на поетот“, напишани по загинувањето на Пушкин во дуел, Лермонтов бил деградиран и испратен на Кавказ да служи таму. Тој егзил и планинските пејзажи поволно се одразиле на неговата работа. На Кавказ настанале поемите „Демон“ и „Мцири“, а кавкаската атмосфера Лермонтов ја опишал и во романот „Херој на нашето време“. И тој, како и Пушкин, загинал во дуел. Тогаш имал само 26 години.
Портрет на А. П. Чехов, 1889.
Public domainНајголемиот руски мајстор на расказот го завршил медицинскиот факултет на Московскиот универзитет (првиот расказ го објавил уште како студент). Чехов најпрвин работел како лекар во болница во близина на Москва, а потоа примал пациенти во својот дом. Не ја прекинал лекарската пракса ни кога бил на врвот на својата книжевна кариера. На својот имот Мелихово направил амбуланта каде бесплатно лекувал селани. Интензивно се борел и против епидемијата на колера и се занимавал со превентивно лекување на оваа болест, а се интересирал и за напредокот на медицинската наука. Дури пред крајот на животот престанал да лекува пациенти, кога и самиот се разболел од туберкулоза и се преселил на Крим.
Максим Горки, 1905.
Public domainПред да стане писател и драматург, Горки променил многу работни места. Заработувал како што знаел и умеел. Талкал по Волга и на југот на Русија, каде работел како носач, наемен работник, помошник во пекара во Казањ, работник во железничка работилница во Абхазија и на нафтените полиња во Баку. Не завршил средно училиште и поради тоа не можел да се запише на факултет, но многу читал. Го привлекувале знаењето и занимавањето со филозофија. Набљудувал како живеел обичниот свет и го опишал во неговите први книжевни текстови. Неговите раскази биле објавени во неколку изданија, по што му било понудено да се откаже од физичката работа и наместо тоа да стане новинар и да почне да пишува статии. Подоцна многу советски писатели работеле како новинари за да имаат постојана работа и редовна плата.
Михаил Булгаков, 1928.
SputnikБулгаков е исто така познат руски писател кој по занимање бил лекар. Својата лекарска пракса ја опишал во некои дела, на пример во „Записите на младиот лекар“ и расказот „Морфиум“. Во Русија е многу познат романот на Булгаков „Кучешко срце“, во кој како прототип на главниот лик, професорот Преображенски, послужил вујкото на писателот, под чие влијание Булгаков одлучил да стане лекар. Михаил Булгаков служел како лекар и на фронтот во Првата светска војна, и во Граѓанската војна, а приватно лекувал и венерични болести. Во текот на 1920-тите се преселил во Москва и практично престанал да се занимава со лекување пациенти, целосно посветувајќи се на пишувањето и драматургијата.
Борис Пастернак
ullstein bild via Getty ImageВо советско време статус на писател можеше да има само член на Здружението на писатели што соработува со официјални издавачки куќи. Многу книжевни дела не можеа да ја поминат цензурата, а имаше и „забранети“ писатели. На овие луѓе, независно колку често одеа во издавачките куќи и списанија, никој не ги печатеше нивните дела. Поради тоа многу автори беа принудени да живеат од преведување. Борис Пастернак знаеше неколку јазици и успешно ги преведуваше Шекспир, Гете, Бајрон, Рилке и Верлен, како и цела низа грузиски поети.
Гајто Газданов
Public domainПо револуцијата 1917 година Газданов се нашол на страната на „белите“ монархисти во Граѓанската војна, поради што бил принуден да ја напушти земјата. Поголемиот дел од животот го поминал во Париз, каде барал начин да јаде и ја прифаќал секоја понудена работа. Бил и носач, и бравар, и чистач, и учител по руски јазик. Понекогаш дури и ноќевал надвор бидејќи немал пари да го плати станот. Своето мачење и сиромаштија во Париз ги опишал во книгата „Ноќни патишта“. Дури и кога книжевните дела почнале да му носат пари, тој сè уште работел ноќе како таксист.
Александар Солженицин, 1962.
Александар Лес/SputnikСолженицин се заинтересирал за литература уште во повисоките одделенија, но сакал да се стекне со некое „конкретно“ занимање, па дипломирал на физичко-математичкиот факултет на Ростовскиот универзитет. Кога започнала Втората светска војна, тој отишол на фронтот, каде што е уапсен поради критикување на Сталин (тврдел дека Сталин не се придржувал до идеалите на Ленин). Во логорите поминал околу осум години. Извесно време работел и како математичар во затворското конструкторско биро. Кога 1953 година излегол на слобода, работел како учител по математика и физика, сé додека во 1962 година не го објавил своето прво дело „Еден ден на Иван Денисович“, по што бил примен во Друштвото на писателите.
Јосиф Бродски, предавач на Универзитетот во Мичиген, 1973.
Public domainСемејството на Бродски по војната живеело во Ленинград и било многу сиромашно. Јосиф го напуштил училиштето по осмо одделение и се вработил како чирак на фреза (машина за обработка на метал) во фабрика за да заработи пари. Подоцна работел во мртовечница, потоа бил ложач во котлара и работник во геолошки експедиции. Не се стекнал со фундаментално образование, но имал исклучителна ерудиција и многу читал. Почнал да пишува стихови и да ги рецитира на поетски вечери. Своите дела ги објавувал во „самиздат“, а заработувал и како преведувач. Покрај сé, тој не бил службено вработен, ниту бил член на Друштвото на писателите и поради тоа според законите од советскиот период бил суден за „антисоцијален паразитски начин на живот“, за што придонел локалниот весник „Вечерен Ленинград“ кој му ги дал епитетите „околукнижевнички трут“ и „паразит“. По прогонот влијателните пријатели издејствуваа Бродски и официјално да се вработи како преведувач. Во раните 1970-ти КГБ го принудило да ја напушти земјата. Бродски емигрирал во САД, каде предавал руска и светска книжевност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче