Популарниот и мистериозен руски писател Виктор Пелевин полни 55 години

Виктор Пелевин

Виктор Пелевин

Владимир Солнцев/TASS
Авторот на култни романи од 90-тите секоја година издава нова книга која ги рефлектира проблемите во современото општество.

Виктор Пелевин е роден на 22 ноември 1962 година и има создадено неколку митови и легенди со неговиот повеќеслоен, комплексен, постмодернистички стил на пишување со кој освои многубројни книжевни награди, меѓу кои и руските „Национален бестселер“ и „Мал Букер“.

Во текот на 1990-те години, станува познат со неговите книги Омон Ра, Генерација „П“ и Животот на инсектите.

Ремек-делото на Пелевин Чапаев и Празнина (Малиот прст на Буда во англиски превод) се смета за прв зен-будистички роман во Русија и се базира на неделивата природа на автентичната и проектираната реалност. Тој продолжува да коментира за општеството преку пишаниот збор, како што е прикажано во неговиот текст Љубов за три Цукербрини, во кој пишува за зависноста и гревот. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња